09.07.2012, 13:28 Тадиќ: Ракувањето со Хашим Тачи беше симболично
Тадиќ изјави дека ракувањето со Хашим Тачи на форумот во Дубровник имало симболично значење и со тоа не нарушил ниту еден акт на државната политика
Лидерот на Демократската партија во Србија Борис Тадиќ изјави дека ракувањето со премиерот на Косово Хашим Тачи на средбата во Дубровник имало симболично значење. Тадиќ наведе дека со учеството на форумот, не нарушил ниту еден акт на државната политика.
- Тоа е еден момент кој има симболично значење, не треба да се потценува, но не е акт со големи последици. Многу е важно да почнат и да завршат преговорите, да се најде решение за проблемот со Косово, изјави поранешниот српски претседател за белградски медиуми.
Додаде дека не придава никакво истор��ско значење на тоа ракување и не треба да се преувеличува „обично ракување“ со претставници на Албанците во Косово. Тадиќ потенцира дека учествувал на средбата во Дубровник како лидер на политичка партија по покана од премиерот на Хрватска. |