11.07.2012, 15:59 Интервју - Никој нема право да ме нарече предавник
На една страна ги обединувате сите, подготвени да ги надминувате разликите, а од друга страна исклучувате некој што секогаш бил со СДСМ, вели Виктор Цветковски, претседавач на Советот во Куманово
Наум Котевски
Што толку згрешивте што раководството на СДСМ реши да Ве исклучи од партијата по долгогодишна соработка ?
Тешко прашање, ама јас настојувам да го најдам одговорот. Единствена можност на опозицијата да се врати онаму каде што заслужува, а тоа е на власт, е да се обедини сето она што размислува и дејствува опозициски, вклучувајќи ги сите и левиот опозициски фронт предводен од СДСМ, како и центарот и десницата. И во една таква атмосфера доаѓа одлуката за мое исклучување. На една страна ги обединувате сите, подготвени да ги надминувате разликите, а од друга страна исклучувате некој што секогаш бил со СДСМ.
Дали Вашата одлука да му свртите грб на градоначалникот Дамјановски во Советот на општината, заедно со уште пет сопартијци, е резултат на нарушен личен однос со него или таа се базира на аргументирани размислувања?
Овде ќе повторам нешто што неколку пати веќе го изјавив, а тоа е дека не се работи за нарушен личен однос помеѓу нас, ниту за личен интерес како што некој се обидува да го прикаже. Овде аргументите се многу издржани. Дамјановски во првиот - и Дамјановски во вториот мандат се разликуваат. Првиот мандат го одбележа со булевар, кеј, плоштад, и со гасификацијата која е дел од двата мандата, а кој капитален објект го има сега, нека наведе самиот. Само да го потсетам дека овој состав на Советот донесе одлуки за решавање на канализациските системи и пречистителни станици во руралните средини, измена на ДУП за подземен премин и подземни гаражи во центарот на градот (слично на Струмица), измена на ДУП за изгр��дба на деловно-административна зграда со подземни гаражи. Нека каже кој од овие проекти е почнат. А Куманово без калдрма? Итн... За се' му дадовме поддршка. Три години се обидувавме да го убедиме дека јавниот сектор со кој раководи не е на ниво на кое треба да биде, дека администрацијата, посебно раководителите, треба да го подобруваат својот професионален однос кон Советот, со таков однос како да очекуваме дека се професионални кон граѓаните. Се разбира секоја почит кон исклучоците. Грбот не му го свртевме ние, тој самиот не' отфрли од себе.
Лидерот на партијата, Бранко Црвенковски, не Ве стави во групата на оние кои во СДСМ имаат различни ставови за одредени проблеми, туку директно ве обвини за сојузништво со ВМРО-ДПМНЕ. Има ли вистина во тоа?
Член сум на СДСМ од 14 јули 1996 година. Ги поминав сите структури во партијата, од заменик набљудувач на избори, шеф на реонски штаб, на општински штаб, на сектор за логистика во изборниот штаб за Втората изборна единица, член на сите нивоа на правни комитети, шеф на чувари на победата, претседател на ОО на СДСМ во Куманово, член на Извршниот одбор и на Централниот одбор на СДСМ. Исто така ги извршував и јавните функции член на Совет, директор на Управа за извршување на санкции, државен секретар во Министерството за правда. Во текот на сите овие години никаде не се доведуваше во прашање мојата лојалност кон СДСМ, а ниту професионализмот, потребен за да се oстане крајно чист при вршењето на овие функции. Кога ваков член ќе обвините дека седи на две столчиња, не е за чудење кога никој не ви верува. Во 2007, некој ме убедуваше да станам претседател на СДСМ во Куманово, со едно единствено образложение: „Само ти можеш да му се спротиставиш на Циц во моментов“. Дел од тие луѓе се' уште се покрај претседателот Црвенковски и истите тие на 6 јули овој месец ме исклучија од СДСМ.
Црвенковски смета дека во екот на жестоката политичка би��ка не може да се толерира, според него, седење на две столчиња. Се согласувате ли со тезите на раководството дека сега не е моментот да се глуми опозиција на опозицијата?
Образложението кое го дадоа, дека седам на две столчиња и дека директно „шурувам“ со ВМРО-ДПМНЕ, не држи и во истото и тие самите не веруваат. Затоа што добро ме познаваат. На парламентарните избори 2011 година ми доверија да ги раководам најдоверливите - популарните чувари на победата. Луѓето што барем еднаш работеле со мене на агендата на СДСМ низ земјата, знаат со каков ентузијазам и пожртвуваност ги имам извршувано сите задачи. Можам да разберам дека моето спротивставување на кадровскиот избор за Куманово може да направи проблем во други општински организации каде што исто така има различни видувања и со тоа да се наруши целиот концепт на опозицијата. Но, за ваквиот можен развој на состојбите, навреме беа предупредени. Ризикот самите го презедоа. Јасно ми е дека преку мене праќаат порака, но секој чесен и одговорен човек ќе се бори за својот углед, никому не му го давам правото да ме нарече предавник дури ни на Црвенковски.
Зошто сметавте дека членовите на партијата треба да имаат можност да одбираат меѓу повеќе кандидати за градоначалник на Куманово, а не да има една единствена опција и зошто сакавте гласањето да биде тајно, а не јавно?
Ние во СДСМ се декларираме дека сме демократи. Зошто тогаш да не одиме со два или повеќе кандидати и со тоа да му дадеме на членството право на избор. Барав тајно гласање за да се поштеди членството од притисоци, но ако имавме двајца кандидати. Вака провејува дека кандидатот го утврдивме на мускули, повторувајќи ја истата процедура од 2009 година. Овој пат беше премногу. Сепак, за Куманово треба да одлучат кумановци. Однос на почит кон членството мора да се има.
Изјавивте дека очекувате раководството на партијата да ја увиди грешката и да продолжите да работите како дел од СДСМ против политиките на владејачката гарнитура. На каков епилог се надевате?
Целата постапка за мое исклучување е предвидена во Статутот на партијата. Сметам дека имам основи да ја обжалам, гледано од правен аспект, на што упатува и Статутот, иако не сум убеден дека правните аспекти ќе ги совладаат политичките. Јас по определба сум социјалдемократ, па тоа и ќе останам. |
|
Статијата е прочитана 2817 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 12.07.2012 07:58:13 | Токму како што велите г-дине Цветковски,,преку мене се испраќа порака,,А таа порака гласи ,,еден лидер,една мисла,сите други со поинакво мислење надвор од партијата,,А токму испраќачот на пораката се утепа по митинзите да докажува да тука во РМ нема демократија има само терор.По се изгледа ова не важи за партијата,вероватно ја сметаат како територија во која тре��а царува токму она за што митингашки демократски не просветлуваат. |
| Hari, 12.07.2012 09:19:54 | Felixe, pogledni si vo tvojot dvor, pisi nesto za politicki zatvorenjci, bombardiranjeto na narodot so Gebelsova ropaganda da se ocrni eden covek, izlacijata na Makedonija, rekordna siromastija, celosna partizacija na se i sesto. Kumanovo nema roblem, toa e SDSM grad, Cic ima ogromna podrska od lugjeto i dzabe vi se site napori da go sprecite potonuvanjeto na vasiot brod. No za zal stetata sto ja npravi ova cunami tesko da ke moze da se popravi nekogas. |
| mene, 12.07.2012 09:51:31 | Чудни работи се случуваат во СДСМ.Покажување мускули или нешто слично-неразбирливо.Ако е заради принцип што некој се сптотивставил на кандидатурата на ЦИЦ ,а не на партиските ставови,па се нарекува седач на две столчиња ситуацијата ја замрсува сознанието дека 6 советника од советничаката група на СДСМ во Кисела Вода 3 години беа против раководството на СДСМ во општината и си го подржуваа градоначалникот Горчев,ама на нив влакно не им фали,Сега се демек лојални на раководството.Истите не се исклучени иако тоа се бараше и за нив.Ама некој таму има појаки мускули од мускулџиите во повисоките органи . |
| kumanovec, 12.07.2012 10:22:23 | Абе Викторе да ти кажам вака. Можеби ова твоја или ваша (затоа што има и други луѓе кои се со иста мисла) борба со политичката багра во твојата партија сега и не изгледа многу важна но таа го покажува патот на сите слободоумни луѓе, не само во СДСМ туку и во ВМРО ДПМНЕ и други партии дека нашето општество нема д�� им го дадеме да го месат и уредуваат по теркот на нивните безобразни лични интереси и болни амбиции. |
| Drzava, toa sum jas!, 12.07.2012 13:26:15 | Ne zaboravete, ova e ednata strana na prikaznata. Drugata doprva ke ja slushneme. Tek togaj ke mozeme da dademe realen sud. Ovaka, samo navivachki mozeme da se odnesuvame. No bez ogled na toj red, ako nekoj misli deka ima demokratija vo nekoja nasha politichka partija, toj treba da se lechi. Pa Gruevski napravi chovek-drzava, a ovde ke se zalime na chovek-partija ili ke debatirame dali e taka. Taka e! PS: Gospodinot Cvetkovski so svoeto drzanje vo idnina moze da ja dokaze svojata principielnost i odanost kon SDSM. No kako e krenal, ... teshko! |
| мисто, 12.07.2012 13:37:00 | Многу не го познавам , виктор Цветковски , но мислам дека , момчето е амбициозно , храбро,реално и не верувам дека седи на две столчиња, Виктор сосема е во право , кога предлага да има повеќе кандидати , за претседател, па од тие нака се избере најдобар од добрите, вака сакале или не , мора да гласат за еден , кој веќе, два мандата е претседател, Виктор фактички е жртвено јагне од помускулнта група околу претседателот.Во овој случај Виктор е јака конкуренција и дај да го тргнеме ,различити мислења во партијата доведува до прогрес, оној со послаби мускули во случајот настрада,затоа што јавно го изнел своето мислење.ВИКТОР со овоа стана најсилен член на партијата. |
| Fritz, 12.07.2012 18:50:47 | Pofalbite na macorot pokazuvaat koj profitira od ovoj slucaj. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|