07.06.2012, 18:31 Мислења
Груевски во Финска
Гордан Георгиев
Опозицијата се' помалку се занимава со ДПМНЕ и се фокусира на нудење решенија за економската криза
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Се сеќавате на стариот добар виц „Ленин во Финска“? Приближно оди вака. На некоја изложба се појавила слика на која лежат во кревет голи маж и жена. Насловот на сликата бил „Ленин во Финска“. Кога некој од посетителите на изложбата препознал дека жената на сликата, всушност, е Надежда Крупска, сопругата на Ленин, а голиот маж на сликата не е Ленин, го прашал сликарот: Чекајте, а каде е Ленин? Одговорот бил: Па, Ленин е во Финска, оттаму и насловот на сликата.
Вицот за Ленин во Финска го употребувам како метафора за обезглавеноста на политиката на Владата на нашиот премиер Никола Груевски. Просто е неверојатно со каква леснотија Никола Груевски си дозволува да пропаѓа државата во која тој е премиер, а патем си ги тера своите каприци со невидена ревносност.
Се сеќавате дека неколку месеци пред Самитот на НАТО во Чикаго, кога на сите ни беше јасно дека Македонија нема да влезе во Алијансата, Груевски, Иванов, Арифи, Поповски правеа огромни турнеи низ Европа и светот обидувајќи се да ја истераат нашата кауза и да им кажат на државниците од НАТО-членките дека на Македонија и' се врши неправда. Се сеќавате и дека сите не' поддржаа во тоа, ги прифатија нашите аргументи, но редовно последната реченица им беше нешто во стилот „Не очекувајте да влезете во НАТО на овој самит“. Дури и Турција, која толку оптимистички навестуваше некакво чудо за нас во Чикаго, очекувано остана на принципот на солидарност помеѓу НАТО-членките. Ај што потроши Владата едно чудо пари за патувања, ај што ги лажеа граѓаните со некаков лажен активитет (демек, дипломатски офанзиви правеле), туку направија и подолгорочни штети за нашиот углед надвор. Јас сум убеден дека патогеното интервју на Груевски дадено за МИА беше напишано уште пред многу месеци, можеби не буквално, но убеден сум дека Груевск�� целата оваа „дипломатска офанзива“ ја правеше само за да „закуца“ со интервјуто. И навистина, премиерот „закуца“ за домашната неосвестена јавност, но со тоа ги „закуца“ и перспективите на државата.
Денес гледаме дека Груевски е во Финска, утре во Данска, задутре којзнае каде. Видовме и дека Веле Самак не сака да ни каже колку чинат овие роуд шоуа на Владата, демек сумата не можела да се спореди со бенефитот што го носат потенцијалните инвеститори. Ни кажа уште и дека опозицијата немала поим од странски инвестиции и дека не можело да се очекува во истиот момент странските инвестиции да се одразат на БДП, туку морало да се почека една, две, три години. А да прашам, колку години Веле Самак е министер во Владата на Груевски? Четири, пет, шест? А каде се странските инвестиции кои ќе се одразат на БДП од пред шест, пет, четири години? Па кого вие правите луди?
Наместо Самак да изигрува слеп хистрион на Груевски, еве му совет од опозицијата како се носат странски инвестиции: објаснете му на премиерот дека без НАТО нема посериозно придвижување на странските инвестиции. А ако веќе одлучил да не не' ��несува во НАТО, тогаш кажете му дека се' додека Стејт департментот, Амнести интернешенел, Фридом хаус и останатите меѓународни организации не' рангираат како полудемократска држава, еф ди ајс нема да има, господине Самак. Прашајте го премиерот дали знае што е риск асесмент? И дали некоја голема компанија ќе ви влезе во Македонија пред да ја праша својата влада околу политичко-безбедносната состојба во Македонија, околу сигурноста на капиталот и функционирањето на судството и администрацијата? Исто така, објаснете ни како е можно сите држави од соседството (биле - не биле членки на НАТО или ЕУ) да имаат повеќе инвестиции од Македонија?
Не, Груевски не оди во Финска по странски инвестиции. Тој оди таму за да даде изјава како Грците се лоши и колку мачнина има тој од тоа. Тој од Финска ја критикува опозицијата и сите оние што му пречат. А додека тој е во Финска и по разни „фински“, во Македонија неговите послушници, функционери, рекетари и сецикеси копулираат со нивната омилена љубовница: македонскиот народ. Додека нашиот Ленин се прави Финец, владините функционери обилно инвестираат во девастирање на сето она што остана вредно во Македонија. Покритието за ваквата „дозвола за уништување на иднината“ ја бараат во минатото. И во опозицијата која, ете, била полоша. Ама, опозицијата е се' подобра, покажуваат бројките. Опозицијата се' помалку се занимава со ДПМНЕ и се' повеќе се фокусира на нудење решенија за постојната тешка економска и социјална положба на граѓаните. Опозицијата влегува во градовите и во селата низ Македонија, промовира кандидати за градоначалници и нуди позитивни промени. Ете за почеток, може ли некој да негира дека Зоран Заев е еден од најдобрите градоначалници што ги имала независна Македонија? Или дека бившиот и, по мое длабоко убедување, идниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, е еден од најуспешните политички менаџери во историјата на градот? Нека оди Владата во Финска, ние сме тука, во Македонија и за Македонија.
(Авторот е потпретседател на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1599 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 08.06.2012 00:16:44 | Pogledajte ja fotografijata na MIA od biznis forumot vo Finska: http://www.mia.com.mk/image1.jsp?slikaid=94510631&imgType=n Sto mislite kolku finci bile prisutni? A eve i za vo Danska:
http://www.mia.com.mk/image1.jsp?slikaid=94554061&imgType=n Tuka ne se ni objavuva fotografija na publikata. A Premierot izjavuva deka imalo golem interes .... |
| Коста Стоименовски, 08.06.2012 00:58:52 | Доколку опозицијата победи на наредните избори сугерирам да ги проучи и да ги примени прописите на Австрија за штедење. Секое патување во странство треба да биде одобрено од Парламентот вклучувајќи ги и патувањата на премиерот и шефот на државата! На Самиот на ЦЕИ кој се одржа во ноември 2003 година во Варшава тогашниот австриски канцелар Богдан Шисел допатува сабајлето и се врати истиот ден попладнето! Харолд Кочи првиот австриски амбасадор во Македонија, кој по завршетокот на мисијата во Македонија во австриското МНР беше задолжен за ОДИХР чие седиште е во Варшава, доаѓаше во полската престолнина на заседанијата на оваа организација, но остануваше само неколку дена! На мое прашање кога ќе дојде наредниот пат ми го даде следниот одговор - „Ќе дојдам ако имаме пари“! „Роуд шоуата“ на мак. влада по светот се голема глупост! Или луѓето решиле додека се на власт да го прошетаат светот со парите од крајно осиромашените мак. граѓани! Со еден збор - Расипници на па��и за создавање на магла |
| melbourne, 08.06.2012 02:41:31 | Ve citam i mi pagja teskotija od vistinata za koja pisuvate,megjutoa dokolku ne pocnete poprosto da gi objasnuvate rabotite,( kako vo vasiot primer zosto treba da vlezeme vo NATO)celiot narod ke ve racuna deka zboruvate samo protiv Gruevski bez osnova.Se nadevam deka ke go zemete vo obzir ova mislenje.Pozdrav. |
| drt, 08.06.2012 02:47:45 | Abe gospodine. a sto ti predlagas. koj risk assessment. Si cul nesto ama ne si docul. A zar vo Kina cveta demokratija pa site svetski kompanii imaat fabriki tamu. Zar vo Vietnam cveta demokratija ama patikite sto gi nosis ti se od tamu. Pakistan uste edna viskodemokratska zemja ama site Nike, Adidas, Puma i t.n. maici i tekstil se od tamu. Za da naucis vaka drugarski da ti kazam. Ni edna golema kompanija ne ja interesira demokratija ja interesira profit. E tolku znaes zato si tamu kade sto si. Ovie site gorenavedeni zemji niti se vo NATO niti se vo EU nit vo sto sakas. Arno ama makate ti e da zemes uste eden mandat za da ne rabotis. E toa ti .. Se nadevam ddeka ke go objavite komentarov. |
| Istocna Makedonija, 08.06.2012 07:45:07 | G-dine Georgiev,drzete se do pledoajeto-kurzivot
na kolumnata deka,ke gi resavate nasusnite eko-
nomski prasanja.Nemojte koga ke bidete na tro-
not ,preku nok,da gi zaboravete obespravenite
moralno,materijalno,dusevno unisteni stoticiiljad-
nici podanici na ovaa zemja.Nemojte da se vraka-
te vo istorijata,taa neka se cuva i neguva,rabote
te na segasnosta i idninata i ne barajte alibi,kako
ovie!Ke go dobiete mandatot,obidete se so efek
tivni ekonomski merki da go zadrzite!Resete gi
stecajcite.t.visok,socijala,ovie gi unistija do kraj! |
| petar, 08.06.2012 07:48:24 | Da ja sporeduva Makedonija so Kina, Pakistan ili Vietnam moze samo nekoe drto covece. Pa koj Makedonec ke raboti za dnevnica sto ja primaat vo Pakistan ili vo Vietnam. Kineskiot fenomen e nesto so koe ne moze da se nosit niedna zemja na svetot. Podobar primer bi ti bil da se sporedi Srbija so i Srbija bez Milosevic. I na kraj kojj genijalen zaklucok: Politicar se borel za vlast. A za sto se borat tvoite milenici, za da ostanat bez vlast??? Abe ajde gitla. |
| jovan, 08.06.2012 07:55:31 | Svesni se i oni deka od stranski investicii nema nisto, najmalku pa od Finska koja ima iks problemi. Tie se cudat tamu kaj niv kako da investiraat i da go razvijat svojot severen del, ne pa ke doagale ovde nas da ne opravale. Imaat tie tamu biznis moznosti 100pati pogolemi i po unosni od ovie ovde, no nemaat dovolno sila da si gi realiziraat. Kako sto problemite ovde ke stanuvaat se pogolemi i pogolemi, taka i oni se pobrzo i pobrzo ke se vrtat vo krug i ke go ubeduvaat ovoj naiven narod deka nesto rabotat. Eve veke imaat novi najavi za krediti, vrabotuvanja, samovrabotuvanja.... i normalno se toa od Septemvri, a vo Septemvri novi kampanji za istite merki koj ke vazat od Nova Godina. Posle za Prolet ke nudat novi moznosti... i se taka dodeka Makedonija ne se isprazni i propadne. No sepak, i ponatamu ostanuva najglavnoto prasanje neodgovoreno. Ima li nekoj asolen koj moze da gi zameni i ponudi nesto konkretno? |
| ФЕЛИКС, 08.06.2012 09:14:18 | Опозиција со својот прозаичен настап мислат дека успешно ја замајуваат јавноста.Мислат преспивањата по куќите ќе им ги решат проблемите на оние од кој бараат изборна подршка.Каде тоа на првиот митинг предложија решение за било што,едноставно се занимаваа со власта.Па уште кога зборуваат за демократија луѓево тука ги фаќа уплав од нивниот Коки начин на практикување внатрешна демократија,може само да се замисли како би ја практицирале демократијата кога некогаш во далечна иднина ја освојат власта.Тогаш ќе има Хад Рок на државно ниво.Инаку несте тука според документите кој се вратија како бумеранг на џиткачкиот стил на лидерот илузионист.Таму ние сме граѓани и јазикот ние......еве нека објаснат тие што се залагаа да нема Македонци ниту национален јазик.Ме интереси дали повторно ќе барате мишиќави изборни чувари,или сте се откажале поучени од минатиот пат. |
| Никола, 08.06.2012 09:21:39 | Најдобар Градоначалник во историјата на Македонија е Коце Трајановски. З.З. не може ниодблиску да се мери со Коце Трајановски.
Ти Гордане како да имаш амнестија, упс згрешив амнезија.
|
| vic, 08.06.2012 09:31:55 | Кога сме кај Ленин дави кажам еден виц.Секој асличност со нештоод написот е случајнаЧСе нашле на оној свет Ленин и Царот Николај и царот го прашува Ленин како е во Русија.А тој му одговорил подобро од твое време.Е што е подобро -прашал царот,Дали селаните с епобогато.далии понатаму работат во колхози дали има нпредок,Пијат ли русите уште вотка ит,.На тоа Ленин одговорил дека селанствоте и не толку побогато,дека сега сите се во колхози ама имаат и мали тракори дека зивотото не е токлку богат ам вотката што русите ја пијат е за 2 копејки поефтина од твоето времеА,бре Ленин ,ако се исто,се испклатеше ли за две копејки да креваш револуцуија -му одговорил царот. |
| Makedonec vo EU, 08.06.2012 09:50:29 | Interesna sporedba so Kina i Pakistan. Smetam deka e relevantna, zatoa sto Makedonija vekje dolgi godini redovno gi gubi svoite kvalitetni kadri. Tie sto ostanuvaat vo zemjata se so prilicno nizok kvalitet, i kako takvi, na stranskite kompanii im vredat samo kako eftina rabotna sila. Taka da sporedbata so Kina e vo red. |
| anti-patriot, 08.06.2012 09:59:40 | premierot e zafaten od sindromot ,,muva bez glava.toj ima izgube no oset za realnosta ,ni samiot ne znae sto bara po tia patuvanja,dali stranski investicii,dali podrska za priem ili ednostavno trosi drzavni pari na relaksiracki patuvanja.neka kaze vele samak koja stranska investicija toj ja donel i neka ni objasni kako go napravil toa |
| Silvester, Sidnej, 08.06.2012 10:22:53 | Se bese vo red so kolumnata do momentot koga rekovte deka Zaev bil najdobriot gradonacelnik vo MK. Ne vi trebase. I toj e golem apas slicno na ostanatite bez razlika na partiskata pripadnost. Prasajte vo Strumica sto poseduva toj? I samiot veke ne znae....A sto poseduva nadvor od Strumica?- i za toa ne znae. Se slozuvam so vas deka Mk e veke dlaboko i opasno zarinata vo kalta. Narodot e izbezumen i pobrkan veke .Nemoze da misli pravilno. Podelen kako nikade. Moj sovet e vie kako opozicija da se oslobodite od minatoto. Zacementirani ste so Branko i okolinata. Narodot ja pamti negovata nesposobnost. Vie go obozavate, no zarem ne gledate deka nemozete da pobedite? Prasajte se zosto? -Paskata vi e mnogu debela i dolga. Ke ve boli mnogu, no morate da ja otsecete. Morate uste nedelava. Vaka veke ne biduva. Promeni mora i toa dlaboooookiiii.... |
| Mudrec, 08.06.2012 11:05:09 | Ako trgneme od apsurdot deka bez Nato nema investicii (golema laga, site parametri sto privlekuvaat investicii najmalku zavisat od Nato), znaci Gordan ni kazuva deka ni treba Nato za pari. A za Nato, treba da se dade imeto. Znaci, imeto treba da se dade za da imame pari. Tipicna SDS laga. Ostanete si vo opozicija, tamu vi e mestoto. |
| stranski investitor, 08.06.2012 11:45:30 | Premierot ne treba da odi vo Finska,zassto finski biznismeni vekje od poodamna se zainetersirani za MK.Dzabe trossel pari - koga mozzel i doma da gi sretne. Occigledno ne bil dobro informiran. I neka naucci vekje ednass deka stranskite investicii ne doagjaat poradi dobrite uslovi ssto gi nudi vladata, tuku poradi poedinci domassni biznismeni - ssto se edinstvena garancija za investitorite. Vekje tri godini nanazad dobrite investiciski uslovi vlasta gi pretvora vo kossmar! |
| od macedonka, 08.06.2012 12:25:41 | gospodine drt ili na engleski kal prasina kazuvas za kina deka se investira samo zaboravi da kazes deka vo kina i drygite drzavi sto gi spomna rabotaat za 40-60 dolari ova ti go kazyvam zato sto ziveam i rabotam vo amerika a fabrikata ima pogon vo kina a dali kaj nas ke prozives so tie pari ete 100 ke ti dadam tebe a nego kritikyvaj sttoj sto e pisyva vistinata |
| Шоумен, 08.06.2012 15:32:10 | Полека , полека нашиот шоумен се приближува до Севарниот пол.Потоа ќе го посети и Јужниот.Постои голем интерес кај пингвините да инвестираат во третата земја по реформи и првата по катастар!Пингвини , ве чекаме! |
| Brian, Canada, 08.06.2012 16:55:18 | G-dinot Vele Samak e svetlosni godini ponapred od Vas, kako intelektualec, kako covek, kako proesionalec i kakko rabotnik (hard worker kako sto velat tuka) ili so eden zbor - vo sekoj pogled. Nemanjeto na tema za pisuvanje ve pravi da pisuvate budalastini. Naravoucenie - podobro preskoknete ja nedelata koga nemate ideja za pisuvanje. Vaka glupostite (koi ne se malku) pozadi funcijata sto ja imte vo partijata deluvaat krajno dviracki. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|