Хороскоп
Овен
Денот е создаден само за љубов. Отворено ги покажувате чувствата, па слободно потпрете се на Стрелецот. Вистински момент е и за занимавање со уметност. Затворете очи, помислете желба и таа ќе ви се исполни.
Бик
Пред вас е успешен работен ден. Доколку не ја искористите можноста, не очајувајте, само размислете зошто се случило така? Емотивно сте несигурни и мислите дека партнерот не ви дава доволно љубов и внимание. Избегнувајте караници.
Близнаци
Ќе разменувате идеи со лица од понежниот пол. Ќе ви се укаже можност за некое патување, не пропуштајте го. Ви се советува да не инвестирате во погрешни лица. Нервозата е последица на премногу работа.
Рак
Ќе се најдете во ситуација да се двоумите за нешто. Определете се за една варијанта. Ќе ви претстојат некои промени, па што и да замислите, ќе ви се исполни. Со промените доаѓаат и некои непредвидливи изненадувања, бидете на штрек.
Лав
Се наоѓате во фаза кога правите планови кои се премногу добри за да бидат реални. Не летајте премногу, туку обидете се незадоволството да го поправите. Бидете мудри и почекајте ги своите пет минути
Девица
На емотивен план можни се некои загуби. Причината за тие загуби се некои ваши лоши процени. На материјален план ви претстојат само нервози, па затоа свртете се кон духовен и филозофски начин на размислување.
Терезија
Периодот што е пред вас е поволен за работа, а лош за љубов. Однесувајте се во согласност со тоа. Работете вредно, избегнувајте расправии и ќе успеете. Ќе бидете задоволни со резултатите кои брзо ќе пристигнат.
Скорпија
Имате толку многу работи да сработите, така што немате време да се заморувате со неважни работи. Колку повеќе енергија ќе внесете, толку повидливи ќе бидат резултатите. Но, за жал, не сте задоволни со ништо.
Стрелец
Денот ќе ви биде исполнет со тимска работа од која ќе извлечете голема корист. Бидејќи среќата ве следи и во љубовта, олабавете се и само уживајте. Но, за жал, не ви е важно, бидејќи се наоѓате во фаза на големи животни промени.
Јарец
Полни со оптимизам и реализам тргнувате во акција. Од некои ситуации премногу очекувате. Сакате с? да оди како подмачкано, но, за жал, ќе наидете и на некои ситни препреки. Само трпеливоста ќе ви помогне.
Водолија
Бидејќи остваривте финансиска добивка, сега можете да се олабавите. Не би било добро да претерувате во с?. Обидете се да ја пронајдете златната средина. Бидејќи денешните случувања ќе бидат придружени со бурни емотивни реакции, ви се советува смиреност.
Риби
Повеќето припадници на овој знак повеќе ќе зборуваат, а помалку ќе работат. За тоа не сте виновни вие, туку околностите во кои се наоѓате. Бидете објективни и не преценувајте се. Само така е можен успех.
|