Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
10.06.2012, 17:19

Србија се крсти во Јеремиќ за Косово


Македонија крие како гласала, дали нашето ливче било едно од петте неважечки?

Горан Адамовски



Голема чест, потврда за угледот на Србија и шанса пред Обединетите нации да се отфрли независноста на Косово, се првичните реакции на јавноста во Белград по петочниот избор на шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, за претседавач на 67. Генерално собрание на ОН. Земјите од регионот, кои главно го поддржуваа неговиот литвански противкандидат, сметаат дека победата на Јеремиќ нема да влијае на односите во регионот. Литванците го гледаат, виновникот за поразот во Русија, која, според нив, повторно го отвори раните од студената војна. Светската јавност не се возбуди премногу од изборот.

На гласањето во петокот, Јеремиќ доби 99 гласа, додека за амбасадорот на Литванија во ОН, Далиус Чекулис, гласаа 85 земји. Една земја беше воздржана, а имаше и пет неважечки листа. Како гласаше Македонија, останува тајна. Од Министерството за надворешни работи само кусо велат дека нашиот амбасадор во ОН, Пајо Авировиќ, гласал „во согласност со нашите национални приоритети и надворешнополитичка стратегија“. Според шпекулациите, се очекуваше Македонија да гласа воздржано, но резултатите од гласањето покажаа дека само една земја била воздржана, а тоа, според сопствено признание, била Босна и Херцеговина. Се наметнува дилемата дали нашата земја е една од петте со неважечки гласови?

Битката на Јеремиќ и на Чекулис го подели светот. Литванија прва најави кандидатура за претседателското место, при што доби поддршка од повеќето земји на Европската унија. Но, потоа Србија, пред се', со помош на Русија и на неврзаните земји, се огласи дека го сака челното место за себе. Јеремиќ смета дека поб��дил, бидејќи кажувал зошто треба довербата да му се даде нему, додека неговиот противкандидат одел на картата зошто Србија не треба да победи.

Од руското Министерство за надворешни работи веднаш ја поздравија победата. Честитајќи го изборот, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ вели дека очекува Јеремиќ да ја врши задачата коректно и на задоволство на државите од целиот свет. Тој објаснува дека Хрватска гласала за Качулис од причина што Литванија прва ја истакнала својата кандидатура и добила ветување од Загреб за поддршка. За Качулис гласаше и Словенија, додека Црна Гора навиваше за Јеремиќ. Барем така се зборуваше пред гласањето.

Шефот на преговарачкиот тим на владата на Србија во дијалогот со Приштина, Борислав Стефановиќ, смета дека ова функцијата е работа на угледот на земјата и на дипломатскиот престиж, но ја смирува јавноста дека на Генералното собрание, всушност, и ќе нема многу прашања што ќе се однесуваат на Србија. За разлика од него, првиот човек на Единствена Србија, Драган Марковиќ, уверен е дека победата на Јеремиќ ќе ја олесни борбата за правда и интересите на српскиот народ во Косово. Професорот на Факултетот на политички науки во Белград, Предраг Симиќ, смета дека сега и одговорноста на Србија е многу поголема и оти светот со поголемо внимание ќе ги следи потезите на Белград. Според него, Јеремиќ нема да има директно влијание на случувањата во Косово, но, сепак, ќе може да помогне индиректно. „Неговото влијание во многу нешта ќе зависи и од потезите на Белград“, оценува професорот.

Јеремиќ е трет претседавач на Генералното собрание на ОН од поранешна Југославија по македонските дипломати Лазар Мојсов (1977) и Срѓан Керим (2007).


Статијата е прочитана 1893 пати.

Испрати коментар



И Борисов не сака Северна
ВМРО-ДПМНЕ
Проблемот со Македонија е лажен проблем!
Црвенковски ќе градел автопатишта, не споменици
Александров и Делчев изедначени во Скопје
Арифи на министерски состанок во Данска
Самарас го искара Ципрас за Македонија
Д-р Срѓан Керим му го честита изборот на српскиот шеф на дипломатијата



jovan, 11.06.2012 00:10:04
Golem uspeh, pred se licen, na Vuk Jeremic. Sto se odnesuva do Srbija, pobedata na Jeremic e samo eden dobar glas za Srbija i nisto poveke. Vuk Jeremic nemoze skoro nisto da napravi za Srbija, onaka kako sto ocekuva javnosta tamu. Da se potsetime deka i Srdzan Kerim dodeka bese na ovaa pozicija, nemozese nisto posebno da napravi za Makedonija. Ne deka toj ne sakal, ednostavno, takvi se pravilata tamu. Nemozes (nesmees) od taa pozicija da lobiras za svojata drzava.
LjubotanTrade Name, 11.06.2012 07:06:46
@ Jovane!Tokmu taka ,Vuk ne smee da lobira za svojata zemja.Ama, lobira za sebesi! I taka, i treba. Na slednite Srpski izbori -On Vuk ,ce bide Prdsednicki Kandidat.Eee,togaj ce vidime civa violina ima da sviri ;Istocna il zapadana? Makedonskata zvanicna politika bese protiv Vuk,a golem % na komentarite bea za Vuk!
Коста Стоименовски, 11.06.2012 09:11:32
Изборот на Вук Јеремиќ за претседавач на 67 ГС на ОН покажува колку длабоки корења остави Движењето на наврзаните земји во светската политика. Од оваа политика досега профитираа Словенија (избор на Д. Тирк за висок функциоенр во ООН, Хрватска (изборот за непостојана членка на СБ), Србија (непризнавањето на Косово од голем број НЗ), но и Македонија (признавање на уставното име од страна на голем број НЗ). Убеден сум во тоа дека голема заслуга за изборот на В. Јеремиќ на оваа функција има и брилијантниот српски дипломат Феодор Старчевиќ, со кој заедно конкуриравме и бевме примени на сојузен конкурс во ССНР на поранешната СФРЈ!
edelvajs, 11.06.2012 10:29:22
....нашиот амбасадор во ОН, Пајо Авировиќ, гласал „во согласност со нашите национални приоритети?! Diplomatsko-k.......odgovor.Znaeme za kogo glasal.
девичанецот, 11.06.2012 12:29:35
Хрватска гласала за Литванија оти НДХ и СС литванските единици воделе иста политика..на поддршка на фашизмот.
Treba NACRT REZOLUCIJA ONGS kako lek za imeto!, 11.06.2012 14:55:18
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
Рио де Жанеиро тест за Олимпијада во Африка
Ако наредните ОИ 2016 доживеат успех, ќе биде отворен патот за Игри на последниот континент што досега не бил домаќин...
Мелбурн контра Бризбен за Игрите во 2024 година
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |