Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
10.06.2012, 17:30

Црвенковски ќе градел автопатишта, не споменици

Лидерот на СДСМ порача од Велес дека во нивната програма е зацртано автопатско поврзување на Македонија со Бугарија, Косово и Албанија


„СДСМ градел и ќе гради автопати и други корисни и значајни објекти, а не плажи, триумфални порти или жални врби“. Ова е ставот на Бранко Црвенковски на обвинувањата од ВМРО- ДПМНЕ дека во време на социјалдемократите не се градело ништо во Македонија. Потсетувањето на сработеното и планираното за иднина го соопшти на прес-конференција на автопатот Скопје - Гевгелија, кај Градско, каде што викендов оваа партија го имаше своето претставување во рамките на кампањата „Крени го својот глас“.

„Во време на СДСМ се изгради автопатот од Градско до Демир Капија, од оваа клучка, па до Демир Капија. Во времето на СДСМ се изгради автопатот од Смоквица до Гевгелија, се изгради автопатот од Скопје до Тетово, се изгради автопатот од Тетово до Гостивар, се изгради обиколницата на Скопје, најмодерно автопатско решение. Или се' заедно, повеќе од 130 километри автопат со инвестиција вредна приближно 200 милиони евра“, изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Црвенковски објасни и дека во нивната програма е зацртано автопатско поврзување на Македонија со Бугарија, Косово и Албанија. За Велешкиот регион, пак, приоритет ќе биде намалување на невработеноста и сиромаштијата.

Според кандидатот за градоначалник на Велес од оваа партија, Аце Коцевски, градот назадувал со сегашното раководство. „Велес од најдобра општина во Македонија, најнаградувана, сега стана сосем просечна општина. Општина која е во стагнација наместо да биде во развој. Тоа е еден од моите големи мотиви да не седам дома и да гледам сеир што се случува во Велес, туку да ги вложам сите мои знаења, способности, искуство, да му помогнеме на Велес и на велешани“, изјави, меѓу другото, кандидатот за градоначалник на Велес на СДСМ, Аце Коцевски .

Присуството на лидерот и раководството на најголемата опозициска партија во Велешко беше дел од работното лето на СДСМ. Како што соопшти потпретседателот Гордан Георгиев, посетиле повеќе од 30 села во општините Градско, Росоман и Чашка. Тој изрази големо задоволство од одличниот прием меѓу граѓаните на овие села и овие општини. „Ги слушнавме нивните проблеми, слушнавме една голема вистина дека на граѓаните веќе им е преку глава да живеат во страв. Преку глава им е цело време да седат дома и да ги слушаат неправдите што ги прави оваа власт. Од друга страна, слушнавме многу идеи, многу предлози што ќе бидат основа на нашата локална изворна програма“, изјави тој. (П.Р.)




Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар



И Борисов не сака Северна
ВМРО-ДПМНЕ
Проблемот со Македонија е лажен проблем!
Александров и Делчев изедначени во Скопје
Арифи на министерски состанок во Данска
Самарас го искара Ципрас за Македонија
Д-р Срѓан Керим му го честита изборот на српскиот шеф на дипломатијата
Србија се крсти во Јеремиќ за Косово



Istocna Makedonija, 11.06.2012 08:01:38
Preku glava od vetuvanja i na ovie i na onie!Realiza- cii za saniranje na ovaa zemja i koj sto go kazal i vetil vo predizborna kampanja neka pameti sto ka- zal.Oti,pametime i taka go nasocuvame glasot.Osven onie,koi jadnite po diktat se primorani i uceneti i od ovie,ili od onie da glasat kako avtomatizirana glasac- ka masinerija!
goran, 11.06.2012 09:45:38
Super!!!! Dosta se zezame so spomenici,sega na red e da se vozime,ili da ne vozi SDSM kako i porano.Poglednete koga će sednete vo voz od Sopje preku Kumanovo za čas se stiga vo Sofija-neli!Na zavodot za vrabotuvanje nema bračni parovi koi baraat rabota oti Brane koga beše na vlast zaposli po eden,a sega ostanuva drugiot da se zaposli čim pobedi Brane.Topilnica vo Veles raboteše turbo vo vremeto na B.C. ama i go trueše narodot turbo.Videte gi bulevarite niz Skopje,ovie od VMRO gi isekoa drvata što gi zasadija komunistite dodeka go pravea avtopatot i što ni napravija?Bulevari da možeme da letame po niv a ne da lazime.Očigledno e deka našiot B.C. nema oset za dosta od gradenje i go ima istiot elan kako i pred 20god.A što da prai čovekot mora da se vrati na vlast,pari da se zarabotat inače otide rezidencijata na Bihaćka na bubanj,neli ja zadolži hipotekarno,arno ama koj pust će glasa za B.C.Koga i negovite se protiv nego.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кочо Чакалароски, претседател на Л��карската комора

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |