10.06.2012, 17:31 Проблемот со Македонија е лажен проблем!
Претседателот на Паневропската меѓун��родна унија, Французинот Алан Терноар, за проблемот со името, како пречка во евроатлантските интеграции, смета дека тоа е лажен проблем.
„Тоа е типично лажен проблем, кој беше ставен во прв план и за што искрено жалам, бидејќи Македонија сите ја викаат Македонија. Сите ќе продолжат и понатаму да ја нарекуваат Македонија, па дури и оние што се спротивставуваат денес. Не постојат други средства за да се нарече поинаку, освен Македонија и точка. Ние ги знаеме прашањата поврзани со историјата, со грчката северна провинција итн. Но, нека ми кажат како може поинаку да се нарекува оваа земја освен Македонија. Дури и ако и' додадевме едно друго име што ќе беше малку посложено, на крајот повторно во секојдневниот јазик ќе ја викавме Македонија. Тогаш се прашувам зошто сето ова, освен само да се забави неизбежниот и посакуван рок за интеграција во ЕУ“.
За жал ЕУ, според Терноар, функционира според принципот на едногласност при проширувањето и приемот на нови земји-членки, сепак, тој се надева дека на крајот ќе победи разумот. (Н.Р.)
|