Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.06.2012, 22:05

Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!

Главното прашање во моментов е дали Нова демократија утре ќе успее да формира коалициска влада

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Грците изгласаа останување во еврозоната под палка на десничарите Нова демократија и Адонис Самарас во коалициска влада. Меѓу стравот за излез од еврозоната и надежта дека ќе може да им се пркоси на европските лидери победи стравот од најавуваната катастрофална изолација на Грција и излез од еврото. Лидерот на десничарите, Самарас триумфално дојде во прес центарот Запио и ја означи оваа победа како значаен момент и за Грција и за Европа. ЕУ лидерите може помирно да спијат, нивниот фаворит Нова демократија води на изборите со 30 отсто и 130 пратеници, а веднаш зад нив се радикалните левичари СИРИЗА на Алексис Ципрас со 26 отсто и 71 пратеници со повеќе од 80 отсто пребројани гласови. На третото место е поранешната владеачка партија ПАСОК со 12.6 отсто,а неонацистите Златна зора влегуваат во собранието со речиси 7 отсто од вкупниот број гласови и 19 пратеници. Во новото собрание ќе има седум партии односно и комунистичката партија, Демократска левица и десничарската Независни Грци.

Главното прашање во моментов е дали Нова демократија утре ќе успее да формира коалициска влада. Ниту една партија според досегашните резултати нема апсолутно мнозинство за формирање влада. Самарас вети итно формирање влада и ги повика сите проевропски сили да учествуваат со нив во влада за национален спас. Како клучни партии за формирање влада за национален спас ќе бидат ПАСОК и Демократска Левица,а првото и главно сценарио кое се смета за најверојатно е Нова демократија да формираат влада со ПАСОК и Демократска левица кои предизборно како услов за формирање коалициска влада ја поставија гаранцијата за останување на Грција во еврозоната.

Самарас во својата триумфална изјава посочи дека народот го избрал европскиот пат на Грција и останување во еврозоната. "Народот го избра политиките кои ќе донесат работни места, развој, правда и безбедност за грчкиот граѓанин. Нема да има нови перипетии. Не се поставува под прашалник местото на Грција во Европа", истакна Самарас. Лидерот на десничарите посочи дека државата нема време за губење ниту пак простор за партиски игри. Владата за национален спас според Самарас ќе донесе развој во економијата и гаранција за Грците дека најлошото поминало. Осврнувајќи се на соработката со ЕУ и договорот за штедење истакна дека ќе ги почитуваат обврските на државата. Зад оваа победа Самарас посочи дека стои тоа што му ја кажале вистината на народот, а не популистички ветувања како СИРИ��А. "Ќе соработувам со сите со внимание и стабилност за да ги оствариме националните цели. Нова Демократија беше е и ќе остане одговорна партија", заклучи Самарас.

Неговиот жесток и неочекуван противник, Алексис Ципрас му ја честита победата телефонски. Левичарското чудо на грчката политичка сцена за кого навиваше голем дел од народот и европската левица не успеа да ја оствари целта за прво место и левичарска влада, иако се уште останува мала можност доколку Самарас не успее да формира коалиција, тоа да го направи Ципрас. Меѓутоа без големо разочарување Ципрас испрати порака дека ќе бидат жестока опозиција и испрати порака дека владата која ќе се формира нема да може да работи без волјата на народот. Посочи дека народот два пати јасно и гласно во голем број гласал против мерките за штедење. "Нашиот предлог за пресврт и мерките за штедење е единствено одржливо решение за Грција и Европа", истакна Ципрас, додавајќи дека иднината не им припаѓа на исплашените туку на оние кои шират надеж.

Утре се очекува грчкиот претседател Каролос Папуљас да го повика Самарас и да му го даде првиот мандат за формирање влада. Претседателот на пладне ќе биде огфицијално информиран за резултатите од изборите од претседателот на собранието, а потоа ќе започне процесот за формирање влада. Лидерот на ПАСОК, Евагелос Венизелос во својот постизборен говор истакна дека ќе побара од претседателот за свикување на лидерска средба на сите партии кои се во собранието за формирање влада за национален спас. Во текот на вечерта имаше шпекулации дека Венизелос ќе бара и СИРИЗА да учествува во владата за национален спас.


Статијата �� прочитана 2241 пати.

Испрати коментар



Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Самарас на чело на новата грчка влада
Високите температури ризични за сообраќајот
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Франц��ските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |