Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.06.2012, 09:11

Митинг на СДСМ во Штип


фото: ТВ Телма

СДСМ на синоќешниот митинг „Крени го гласот“ во Штип го промовираше кандидатот за градоначалник Здравко Коцев

СДСМ на синоќешниот митинг „Крени го гласот“ во Штип го промовираше кандидатот за градоначалник Здравко Коцев.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот му реплицираше на премиерот Груевски за завчерашната изјава дека ќе му било тешко во Штип.

- Ако нешто ми беше тешко, ми беше тешко патувањето по патот од Велес до Штип, кој пред секои избори го ветувате, а по нив го заборавате. Ми беше тешко и да поминам низ гужвата од новиот аеродром кај Врсаково, зашто се е ветар и магла, рече Црвенковски.

Тој додаде дека отпуштањата на работниците и создавање на стечајците од поранешните гиганти „Македонка“, „Астибо“, „Алумина“ и ЗИК „Црвена Ѕвезда“ е токму поради како што рече потписот на актуелниот премиер во 2002 година.

- Никој во името на СДСМ не бил против отварањето на универзитетот. Никој во името на СДСМ не се откажал од македонскиот национален индентитет, рече Црвенковски.

Лидерот на СДСМ на забележа дека во источна Македонија најтешко се живее, има голема сиромаштија и наталитетот е најнизок. Но, како што наведе, „во источна Македонија има најмногу покер апарти, лихвари и сетоа тоа со благослов на Владата“.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Здравко Коцев во своето обраќање пред штипјани рече дека актуелната власт ветувала карго аеродром, затворен базен, студентски град, автопат и тунел, кој ќе го спои центарот на градот со крстосницата „Дујле“, но ништо не е реализирано.

- Што ќе сум понудел, јас ја барам подршката од вас со чист образ. Не делам празни ветувања, ќе изградам мост на реката Брегалница кој ќе ги поврзе населбите „Сењак„ и „Автокоманда“ со индустрискиот дел на градот, ќе го гасифицираме Штип, а за најмалите ќе ја отвориме и првата Зоолошка градина во источна Македонија, рече Коцев.

Тој се осврна на работата на градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов и забележа дека кредитот кој е земен за проектот за уредување на коритото на реката Отиња и изградбата на платформите за паркирање на возилата е на штета на штипјани, кои ќе мора да го враќаат заемот.

Наредниот викенд раководството на СДСМ ќе биде во Куманово.


Статијата е прочитана 3758 пати.

Испрати коментар



Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Четврток
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој утре ќе гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |