19.06.2012, 11:53 Македонските дипломи ќе важат во Русија
Спогодба за признавање документи за образование и научни звања меѓу Македонија и Руската Федерација потпишаа денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и руската заменик-министер за образование и наука Ина Биленкина.
Со Спогодбата, меѓу другото, се усогласуваат нормите за признавање на образовните дипломи стекнати во училиштата и на универзитетите во двете земји и се воспоставува основа за продлабочување на меѓусебната соработка.
Потпишувањето на Спогодбата е дел од активностите на македонскиот владин тим, кој предводен од премиерот Никола Груевски, е во посета на Руската Федерација.
Владината делегација денеска на бизнис форум во градот Владимир ќе ги промовира инвестици��ките можности и поволностите за отворање и реализација на бизнис во Република Македонија.
Предвиденo e владиниот тим во чиј состaв се и министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, да има средба и со губернаторот на Владимирската област, Николај Виноградов. |