Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.06.2012, 17:37

Бугарија гради (анти)грчка позиција

Апсурдна е најавата од Бугарија за давање политички азил на Спаска Митрова бидејќи никој не дава азил на сопствена државјанка

Слободанка Јовановска


Драмата со Спаска Митрова се врати на голема врата во односите меѓу Македонија и Бугарија. Освен заканите од Софија дека е можно Митрова да добие политички азил во оваа соседна држава, што е апсурд кога веќе има бугарски пасош и тамошно државјанство (кој дава политички азил на свои граѓани!), стигна и најава дека е можно случајот да заврши во Судот за човекови права во Стразбур, каде што во најголема мера и се води дипломатската борба за споровите на релација Бугарија и Македонија.

Откако бугарскиот премиер Бојко Борисов се прогласи за компетентен да решава во чии раце ќе биде подобра иднината на едно дете и кој родител треба да ја добие битката, Стразбур изгледа како најпосакувано решение за маглата што бугарската политичка елита ја шири последните години, а со цел што им е јасна на сите - да направи случај за ставање вето на Македонија во ЕУ. Проблемот е што, и според оцена на Божидар Димитров, Македонија не се брза којзнае колку за прием во Унијата, па ваквите закани се' уште стигаат со половина уста, додека евроинтеграцијата не стане сериозна опција на некоја идна македонска гарнитура.

Нова ли е оваа бугарска политика или само одново спакувана, има ли драма или само политички фолклор во односите на Македонија и Бугарија и зошто Софија го спори името што прва го призна, спорејќи го идниот договор меѓу нашата држава и Грција? Впечаток е дека за овие дилеми има големо разногласие, пред се' бидејќи тезите врз кои Софија го гради ветото против Македонија се толку застарени за современа Европа, што и самите си ставаат сопки во однос на она што сакаат да го постигнат, а сите заедно паѓаат во вода со едно барање за реципроцитет.

Според Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, изјавата на Бојко Борисов за неприфаќањето на името Северна Македонија ќе се сметаше за голем успех на нашата дипломатија ако во него замешал прсти и нашиот амбасадор таму. Таа изјава, според него не и' штети, туку напротив и' помага на Македонија во докажувањето колку е апсурден спорот за името, па треба да и' се даде публицитет. Според него, исто како и во Македонија, и во Бугарија политичкиот естаблишмент кога има внатрешни проблеми посочува на надворешни непријатели, како сега наводните можни територијални претензии од нашата држава.

„Ова е дел од традиционалниот политички фолклор. Нема никаква драма меѓу двете земји. Од самиот почеток Бугарија е заинтересирана Македонија што побргу да стане членка на НАТО и на ЕУ и целата политика е насочена кон тоа. Така ќе биде поголема шансата нашата држава да се отргне од влијанието на Србија и повеќе да се интегрира со Бугарија“, смета Спасов. Сепак, и тој оценува дека внатре во Бугарија се засилува тезата дека треба да се искористи нејзиното членство во ЕУ за остварување на интересите кон Македонија, а еден од нејзините приврзаници е и премиерот Бојко Борисов, чија изјава требаше да ги задоволи токму овие очекувања.

Се наоѓа ли Софија изневерена од македонското барање на античките корени кое не' оддалечува од заедничкото словенско потекло? Според Спасов, реално да, бидејќи тоа е негирање на она што тие го нарекуваат бугарска национална свест во Македонија.

За ексминистерот Слободан Чашуле, нема нов тон во обраќањето на Софија кон Скопје и очекувањата се, како ќе се приближува Македонија кон ЕУ, така Бугарија да ги згуснува своите барања, т.е. претензии. „Не ме изненадува што ја користат секоја пригода да ги лансираат претензиите кои немаат основа како вредност на Европа.

Тие веќе изградија нешто налик на грчката позиција и тоа со сета сила ќе се покаже на прагот на решението на спорот за името“, предупредува Чашуле, додавајќи дека не верува дека оваа бугарска елита на власт ќе си дозволи да ја пропушти таа шанса.

„Не велиме дека Бугарите се фашисти, но нивната фашистичка политичка елита беше кај нас. Тие беа окупатори. Немам ништо против заеднички да славиме празници, да ги чуваме нивните гробови, но претходно нивниот претседател треба да дојде во Прилеп, Ваташа и Музејот на холокаустот и да се извини за жртвите“, порача тој, посочувајќи го како пример искуството на Барак Обама неодамна, кој мораше дури и за јазички лапсус да и' се извини на Полска за тема од војната.

Интересно е што дури и во Бугарија нема ист став за „гревовите“ на Македонија, кои ја прават Софија толку навредена. Минатата недела Красимир Каракачанов, инаку најгласен околу ова прашање, оцени дека Софија, всушност, нема што да коментира околу спорот за името бидејќи прва ја призна Македонија под уставното име. Вистински проблем со нашата држава, според него, не е името, туку обидите на пројугословенски и просрпски кругови да ја потхрануваат антибугарската политика во нашата држава. Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешна политика пак оценил дека ниту Македонија има територијални претензии кон Бугарија, ниту обратно.

По скандирањата „Бугари“ пред Советот на град Скопје околу одлуката за именување на улица според Тодор Александров, Софија повторно порача дека и' е повредено националното достоинство, а еден од пратениците за време на расправа во парламентот побара да се испрати Христо Стоичков за амбасадор во нашата земја - бидејќи е веројатно единствениот што нема да биде избркан од церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Спасов смета дека, и покрај сите овие случувања, односите меѓу Македонија и Бугарија се добри, а изненадување ќе биде само ако излезе Борисов и надвор од овој политички фолклор каже дека меѓу двете земји нема проблеми.

Најдобра илустрација за тоа е Божидар Димитров, кој со секоја своја наредна изјава се обидува да биде што е можно понавредлив кон Македонија, а медиумите таму го пренесуваат иако не е веќе релевантен како политичка фигура ни во сопствената држава.

Деновиве тој порача дека спорот за името може да се реши многу лесно, и дека името не е ни важно, па може и да не го вклучи зборот Македонија, да биде Дарданија, Илирија или слично, само да и' отвори пат на Македонија да влезе во ЕУ. (С.Ј)

Бидете внимателни - Софија нема црвена линија!

Охрид - „Бидете особено внимателни со Бугарите. Тие немаат дефинирано своја црвена линија. Затоа мора да се изработи посебна стратегија и да се обрне особено внимание на односите со Бугарија. Тоа што Македонци земаат бугарски пасоши не е мала работа“, порача вчера од Охрид универзитетскиот професор и писател од Бугарија Стефан Влахов-Мицов. Тој говореше на отворањето на Меѓународната научна конференција за македонски јазик, која е дел од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

„Со Грците, Македонија има црвена линија, но со Бугарите нема. Поголеми проблеми може да има, зашто кога некој е отворенo против вас со сите ставови, вие знаете како ќе реагира. Тука во Македонија секој знае како ќе реагира Грција. Со такви можеш да кажеш - мојата црвена линија е дотука. Со Бугарите не можете така, зашто тие немаат јасен став“, порача Влахов.

Неговото укажување доаѓа само на еден ден откако бугарскиот премиер Бојко Борисов ја искористи судската разврска со гевгеличанката Митрова да порача дека официјална Софија ќе ги испорача ставо��ите и забелешките за судството во Македонија. (В.М.)


Статијата е прочитана 5051 пати.

Испрати коментар



Златна зора ќе не' дисциплинира и нас
Бучковски немал намера да прави партија
Опозицијата веќе не спие - дома
Митрова не ја коментира одлуката на судот
Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Македонија успешна во борбата против трговијата со луѓе
Извештајот за МРТВ е нереален, оцени ревизорот
И Путин ќе гласа за Груевски
Новa лустрација пред новитe избори



makedonoid, 21.06.2012 00:21:42
Kako I da e konecno edna clenka na eu I nato - r.bugarija otvoreno I se sprotistavi na grcija I ne podrza vo naporite za zacuvuvanje na naseto ime I nepobiten fakt e deka premierot gruevski najde soistomislenik vo bugarskiot premier borisov po prasanjeto za resavanje na nasiot makedonski identitet
pameten, 21.06.2012 00:52:54
Бугарската црвена линија е сосема јасна. Сакаат Македонија да им биде пријател. Да го прифати заедничките корени. Да славиме заедно историјата од Свети Климент до Мара Бунева, заедничките напори во борбите за Екзархиjата, во Балканските војни и Првата светска војна, а на Втората светска војна да се гледа како на идеолошки конфликт: фашисти – комунисти, пошто таков конфликт постоел и каj нив. Бидејќи голем дел од нивното население се потомци на бегалци од Македонија, протерани од Турци, Грци и Срби кои што нашле спас во Бугарија, тие се силно иритирани од теории дека Македонските Словени - нивните баби и дедовци никогаш не биле Бугари, дека Бугарските народни песни на Миладиновци не биле бугарски, дека Макеедонците во Бугариjа биле малцинство, а не дел од народот и т н. Но не ги мразат денешните Македонци, ги прифаќат какви што се и не можат да ja разберат омразата кон такви како Спаска Митрева кои што се обjавиле за Бугари во Македониjа.
VP, 21.06.2012 02:43:22
Многу прикаски, многу нешто, па и фолклор - да не стане само од играчка - плачка - таму никакви црвени линии нема да помогнат. Бугарското вето е сосема реална опција...
Si go barame!, 21.06.2012 02:59:25
Ne mozam da razberam, 75% od vladata na Georgievski bile bugarofili, na chelo so nego, a 75% od bugarofilite na negovata vlada, bile vo segasnata vlada na Gruevski, a odnosite so Bugarija ni se za nikade. Dali e toa nekoja kamuflaza, posebno koga vidovme preimenuvanje na skopskite ulici vo bugarofili ili zlo-delo na komunjarite, bidejki Branko e kriv, doprva ke vidime. PS: Ne davajte im povod da ne ponizuvat i podebavat.
васо, 21.06.2012 06:51:34
Слободан Чашуле:....„Не велиме дека Бугарите се фашисти, но нивната фашистичка политичка елита беше кај нас. Тие беа окупатори....Урааа....ааааааааа.........Вече не сме фашистииииииииии.........Благодарим на великиот антички македонски народ!
Коста Стоименовски, 21.06.2012 08:03:30
Се согласувам со претежен дел од мислењето на ПАМЕТЕН. Меѓу Македонија и Бугарија е наталожена голема недоверба, која треба да се надмине за да можат луѓето од двете земји нормално да комуницираат. Франција и Германија со векови водеа крвави војни, а сега имаат извонредни односи. Во историјата не е забележено дека меѓу Македонија и Бугарија се воделе војни! Можеби најголем проблем е ставот на БУгарија во врска со „ослободувањето“ на Македонија во 1941 година, но тоа е минорен проблем кој не треба да ја оптоварува иднината на двете држеви! Треба да се гледа напред и треба да им се потсечат „канџите“ на оние кои кои овде или таму постојано ја „матат“ водата.
citatel, 21.06.2012 08:51:29
I koga nema zosto , mora da se najde nacin da se zbori protiv bugarite.Ako vi e ,me lazevte 40 godini veke ne mozete ,informaciite se na raspolaganje preku internet.A koga sme do Spaska , kazete mi vo koj slucaj maloletno dete se dodeluva na tatko ?Kolku jas znam ,samo ako se dokaze deka majkata e psihicki ili fizicki nesposobna da go gleda.
Vesso, 21.06.2012 09:22:25
Pocituvana Slobodanka.Bugarija bese prilicno korektna.No deceniskite zabludi za zaednickoto poteklo,ne se brisat taka lesno.No vie gresite za bugarskoto mislenje za zaednicki slovenski korenja.Bugarite za svoi pretci si gi smetaat hanot Asparuh i negovite bugari,vsusnost tatari od zoltata mongolska rasa,koi zboruvaa turski dijalekti.Fakt e deka denesnite bugari se edna od najcistite nacii.So duri 49% gen,no ni bugarski(tatarski),ni slovenski,tuku Trakijski!!!Tie imaat 15% slovenski gen,no i 15% makedonski gen.Vsusnost i Makedoncite i Trakijcite i Ilirite i Slovenite se od ista rasa i isto govorno podracje-t.n.slovensko.Inace i denesnive Grci imaat 20% slovenski gen,poveke nego nie Makedoncite.I kolku da znaete ednas Britanija Enciklopedika se osmeli da objavi deka site srednovekovni i denesni slovenski jazici,poteknuvaat od antickiot Makedonski.Veruvale ili ne.
Mudrec, 21.06.2012 10:40:59
Crni Kosta Stoimenovski, kako toa bugarskata okupacija vo 1941 e minorna rabota? Da ne bese anti bugarskata borba od 1941 do 1944, nemase da ja ima Makedonija. Odi vo Vatasha i objasni im na naslednicite na ubienite momcinja deka bugarskata okupacija e minorna rabota. Svesen li se deka vo zelbata da bides servilen kon sosedite go omalovazuvas sopstveniot narod?
Bogomil(ec), 21.06.2012 10:42:17
ДО ПАМЕТЕН Како не ти здодеа да ја вртиш се таа една иста плоча, што си ја проголтал со се сите Санстефански илузии и фашизоидни теории, за божемните заеднички корени на македонските Словени и татарските племиња и поистоветувањето на милениумската историја на Македонците со онаа на Бугарите. Како можете на окупацијата на Македонија од бугарските фашистички орди во Втората светска војна да и дадете идеолошки предзнак во која царските бајонети зад себе оставија 27.000 гробови на македонските патриоти. Таквите како тебе, за цивилизациски добрососедски односи, не поставуваат црвени, туку црни линии за Македонија и Македонците.
pile, 21.06.2012 10:45:55
Narodot rekol tri pati meri ednas seci, pretpostavuvam od takvata izreka se rakovodel Premierot na prtijatelska Bugarija, kogo malku go gledame so izjavi vo mediumite.No zatoa sekojdnevno gi gledame nesoodvetnite infrastrukturni vrski kako patni taka i edinstvenata zjeleznicka zapocnata nedovrsena, od kade ja nosam ocenkata za pozitivnost i dobronamernost na dadenata neodamnesna izjava.Vo odnos na pravnata razresnica okolu konkreten sudski proces,opravdana e nedoverbata na G-dinot Borisov za vladeenjeto na pravoto vo R.Makedonija,posle izvestaite na Stejt departmentot na SAD za 2011 godina, kade se naveduva deka Vladata neuspeala da obezbedi vladeenje na pravoto vo Drzjavata.Vprocem sekoj drzjavnik posle vakov izvestaj ke iskazje nedoverba sprema sudstvoto vo R.Makedonija.I na kogo sega uste ne mu e jasno zosto SAD nedozvoluvaat sudenje na vojnici na NATO za eventualni storeni krivicni dela pred vakvi NEPRAVI SUDSKI INSTANCI i zosto R.Makedonija ima potpisano dogovor za ekstradicija.
od macedonka, 21.06.2012 13:35:05
mene ne mie jasno dali samo spaska se razdele od soprygo vo makedonoa dali samo tie ima dete pa ymorni sme samo zaneja se pisi plateigo pato vo eden pravac i kyrtyletese od neja ednas za sekogas od takvi liski kako neja nema sreka drzavata
Веселит Веселин, 21.06.2012 14:18:58
Весо , со душа чекам твои коментари , за да ти се изнасмеам на глупоста!
бошко бошко, 21.06.2012 16:25:25
кога дошле во 1941 година бугарите, во сите градови, биле пречекани како ослоботители. проверете во тогашниот печат и ќе се уверите
do Veselin, 21.06.2012 19:24:53
Nemas nesto so sto ke gi pobies argumentite napisani,pa vo ocaj pisuvas deka se smees,a vsusnost places.Tie argumenti sto gi napisa Veso ne se izmisleni od nego,tuku se napisani vo stranski enciklopedii,megju koi i britanskata.
Марко, 21.06.2012 19:56:36
Весо, а таа Британика во сон да не ти се појавила и тебе, како на Ниче Димовски што му се појави гробот на Александар?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Петок
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...
Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Според истражувањето Ајфеловата кула во Париз е најскапа и е проценета на 434 милијарди евра...
„Епл“ највредна компанија во историјата на берзата
Американскиот електронски гигант достигна вредност од 623 милијарди долари, со што го надмина рекордот на „Мајкрософт“ о...
Војна со Иран израелската економија ќе ја чини 41 милијарада долари
Анализата е направена преку екстраполација на трошоците за време и по војната во Либан во 2006 година...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |