22.08.2012, 12:28 Ненад Милосављевиќ најдобар бармен во Македонија
Неговиот млечно-егзотичен коктел „El Bobo“ направен на база на Вигор водка, како и млеко, ликер од маракуја, гренадин и сок од портокал го воодушеви повеќечленото стручно жири
Гевгеличанецот Ненад Милосављевиќ го освои првото место на финалето на „Вигор бармен куп 2012“, кој се одржа во рамките на „Струмица опен фест“, и во конкуренција на повеќе од 20 бармени стана најдобар бармен во Македонија.
Неговиот млечно-егзотичен коктел „El Bobo“ направен на база на Вигор водка, како и млеко, ликер од маракуја, гренадин и сок од портокал го воодушеви повеќечленото стручно жири од Хрватска во кое членуваше и Ведран Петровиќ, победник на републичкиот натпревар на бармени во Хрватска.
Барменското „сребро“ му припадна на Методи Перунковски со коктелот „Green Fairy”, додека пак Стево Тренов со коктелот „19-ка“ освои трето место.
Освен во дегустација на коктелите на најдобрите бармени во Македонија, насобраната публика уживаше и во нивните „акробации“ со коктелскиот прибор. Во категоријата 'флер', во која бармените се оценуваат според егзибициите кои ги прават за време на креирањето на коктел, победи Дарко Лазовски од Скопје, додека второ и трето место освоија Мартин Петрушевски и Бобан Аврамоски. Се доделија и награди за најатрактивен коктел (Ванчо Стојанов, “Fannki Vigor”) и најдобра стручна работа (Атанас Чурлинов, “Vigorous Passion”).
Ова е четврто издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.
|