23.08.2012, 14:14 Гран при за културен менаџмент за министерката Канческа-Милевска
Министерката за култура денеска ќе ја прими нагрдата што ја доделува Меѓународната академија „Михаил Еминеску“ од Романија
Во Спомен домот на браќата Миладиновци во Струга денеска на министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска ќе и биде врачена престижната Гран-при награда за културен менаџмент што ја доделува Меѓународната академија „Михаил Еминеску“ од Романија.
Наградата на Канческа-Милевска ќе и ја врачи претседателот на оваа меѓународна академија Јон Деаконеску, кој специјално ќе пристигне во Струга по повод овој настан и маниф��стацијата „Струшки вечери на поезијата“.
Признанијата на останатите годинашни лауреати беа доделени на 1 јуни во Крајова, Романија. Наградите на Меѓународната академија се доделуваат секоја година на личности кои имаат особен придонес во културното живеење на национално и меѓународни ниво.
Досегашни добитници на оваа награда се реномирани имиња од областа на културата, мауреати и носители на други меѓународни признанија од повеќе земји во светот како САД, Бразил, Унгарија, Србија, Романија, Русија и Финска.
|