Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.08.2012, 15:24

Четири македонски филма во трка за „Оскар“



Комисијата предводена од Димитар Грбевски ќе го одбере нашиот кандидат меѓу: „Трето полувреме“, „Балканот не е мртов“, „Жената што си ги избриша солзите“ и „Скопје ремикс“

Сунчица Уневска

Македонскиот кандидат за престижниот „Оскар“ за странски филм, кој ќе се бори за влез меѓу петте номинирани филмови за оваа награда во трката во 2013 година, ќе се избира меѓу четири филма. Имено, во конкуренција се влезени сите нови македонски долгометражни играни филмови кои ги пријавија нивните продуценти. А тоа значи дека годинава имаме силна конкуренција помеѓу Дарко Митревски, Александар Поповски и Теона Митевска, како и десеттемнина режисери кои го потпишаа омнибусот „Скопје ремикс“.

Филмовите на Дарко Митревски „Трето полувреме“ и на Александар Поповски „Балканот не е мртов“, своите премиери се очекува да ги имаат на претстојниот 33. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 15 до 21 септември. „Трето полувреме“ ќе го отвори Фестивалот, а „Балканот не е мртов“ ќе биде прикажан на неговото затворање, со тоа што и двата филма се во конкуренција за „Златна камера 300“. По премиерите, би требало да бидат прикажани и во редовна кинодистрибуција во својата матична земја, барем седум дена, бидејќи тоа е еден од условите за да можат да влезат во трката за номинација за „Оскар“ за филмови од неанглиско говорно подрачје. Другите услови се режисерот и сценаристот, односно поголемиот дел од креативната екипа да е од матичната земја, што овие филмови ги исполнуваат.

Филмот на Теона Митевска, „Жената што си ги избриша солзите“, македонската публика веќе имаше можност да го види. Неговата премиера се одржа на годинешниот Берлински филмски фестивал, во програмата „Панорама специјал“, по што следуваа и други фестивали, а само пред неколку недели на Фестивалот во Херцег Нови ја освои наградата за најдобра фотографија. Инаку, „Жената што си ги избриша солзите“ влезе и меѓу 40 најдобри европски филма, кои оваа година ќе се борат за номинациите за Европските филмски награди.

„Скопје ремикс“ на Јане Алтипармаков, Огнен Димитровски, Синиша Ефтимов, Срѓан Јаниќиевиќ, Даријан Пејовски, Саша Станишиќ, Ѓорче Ставрески, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Борјан Зафировски, исто така, ја имаше својата кинодистрибуција во Скопје. Овој филм влезе и во трката за наградата „Бауер“, која се доделува за најдобриот филм од регионот на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска.

Како што ни рече претседателот на Друштвото на филмски работници, Горјан Тозија, веќе е оформена и комисијата која ќе го одбере нашиот годинашен претставник во трката за „Оскар“. Претседател на комисијата е филмскиот и телевизиски монтажер, професор на ФДУ, Димитар Грбевски, а членови се: Русомир Богдановски, сценарист, Васил Христов, режисер, Роберт Јанкуловски, фотограф и Панта Мижимаков, продуцент. Нивната обврска е до крајот на септември да го одберат нашиот кандидат, чиј продуцент заклучно со 1 октомври ќе ја испрати копијата од избраниот филм, кој годинава ќе ја претставува нашата земја. Инаку, интересно е да кажеме дека Македонија изминативе години имаше повеќе кандидати за овие номинации, така, на пример, лани беше „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, пред тоа „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска, а во 2010 година во трката по трет пат беше Милчо Манчевски со „Мајки“, кој и досега ни ја донесе единствената номинација во категоријата на долгометражни филмови со својот првенец „Пред дождот“.



Статијата е прочитана 1096 пати.

Испрати коментар



Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Рамбо Амадеус, Хладно пиво и Фолтин на затворањето на „Битола отворен град“
Претставување на творештвото на лауреатот на СВП
Поезијата се слави во Струга
Академик Глигор Чемерски воодушевен од „Куќата на Уранија“
Премиера на филм за Мајка Тереза за 102-годишнината од нејзиното раѓање
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
(ИНТЕРВЈУ) Баравме демократија, а добивме капитализам
На СВП ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“
И во Гевгелија фестивал, „Бош“ по четврти пат
Краткиот филм „Епизодист“ со награда во Холивуд
Гран при за културен менаџмент за министерката Канческа-Милевска
Гостиварка почина по пад од петти кат
Ловориките на „Охрид фест“ за Ристо Самарџиев
Стартуваат 51. „Струшки вечери на поезијата“
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Викендов Берово центар на културниот перформанс
Поетот Хусто Хорхе Падрон вечерва ќе го добие медалот „Блаже Конески“
Официјален крај на бракот на Том Круз и Кејти Холмс
Телеграма пронајдена по 68 години
„Во хармонија“ на Даутовски премиерно во „Св. Богородица“
Ненад Милосављевиќ најдобар бармен во Македонија
Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Згасна фестивалскиот оган на 52. „Охридско лето“
Светот на филмот му оддава почит на Тони Скот
Модната куќа „Луј Витон“ подготвува линија на презервативи
“Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски објавен на чешки
Шарапова отвори продавница за слатки во Њујорк
Италијанските виртуози Енрико Диндо и Моника Катароски за крај на годинешново „Охридско лето“
Почина холивудскиот режисер Тони Скот
Маџиров на книжевен престој во Австрија и меѓународно читање во Грац
Концерт на Гринголтс и Лаул во „Света Софија“
Претставничката на Кина стана Мис на светот
(ФОТО) Археолошки остатоци откриени кај локалитетот Манчевци
Агата Гертчен доби Гран-при на Графичкото триенале во Битола
Во Кочани премиера на монодрама за Методија Андонов Ченто
Премиера на мјузиклот „Декамерон“ во Охрид
Заврши снимањето на патописниот филм „Move on“ во Македонија
Премиера на „Платеници 2“ во кино „Милениум“
На „Охридско лето“ барокна музика со италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“
Поетска книга на Лидија Димковска објавена во САД



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |