24.08.2012, 18:02 Дебито на МЗТ во АБА-лига како домаќин на 2 октомври
Нема повеќе дилеми околу датумот на кој МЗТ Скопје ќе го одигра првиот натпревар во АБА Јадранската лига на домашен терен.
Откажувањето на концертот на светската ѕвезда Лени Кравиц што беше закажан во истиот термин (2 октомври) кога МЗТ Скопје и Широки требаше да го одиграат второто коло стави крај на неизвесноста и проблемите.
Првиот македонски претставник во Јадранската лига останува во претходно договорениот датум - втори октомври во салата „Борис Трајковски“ да дебитира пред домашната публика.
Во меѓувреме од клубот го соопштија и времето на одигрување на првиот од двата конторлни натпревара против украински Черкаси во рамките на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
На 31 овој месец во салата „Јане Сандански“ со почеток во 19:30 часот ќе се одигра првата средба и ќе биде од отворен карактер, а додека за наредниот ден е закажана и втората средба но таа ќе биде затворена за јавноста. (М.К.) |