22.08.2012, 09:58 Параолимпиец без раце со словачкиот премиер се поздрави со нога
Словачкиот параолимпиец Виктор Кемени e пливач, кој е роден без горни екстремитети, и познат е по својата цврста волја и самодоверба
Словачкиот параолимпиец Виктор Кемени, пливач кој нема раце, го збуни словачкиот премиер Роберт Фицо поздравувајќи се со нога.
Кемени е најмладиот словачки учесник на Параолимписките игри во Лондон, што ќе почнат на 29 август. Тој иако е роден без горни екстремитети е познат по својата цврста волја и самодоверба.
- Признавам дека ме изненади. Мислев дека на тој начин сака да го прими декретот за именување, но тој ми рече дека сака да се поздрави. Тоа беше силно чувство, изјави Фицо по средбата со 16 годишниот пливач. |