22.08.2012, 14:57 Груевски: Коалицијата е во криза, подготвени сме и за избори
Премиерот од Кичево објави дека е подготвен да излезе на нови предвремени избори, доколку ДУИ се одлучи на таков потег
„Постои криза во коалицијата и доколку ДУИ се одлучи на таков потег, ние сме подготвени за предвремени парламентарни избори, иако тоа е опција која не ја посакуваме, бидејќи тоа ќе значи одредена дефокусација во одреден период“, призна денеска во жестокото обраќање од Кичево премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓудругото, нагласи дека нема да дозволи да се гази македонското достоинство.
Според него, кризата во владината коалиција е резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, кое, по одржувањето на последните парламентарни избори, како што додава, не се однесува коректно како што се однесувал во минатото, а врв е настанот во Слупчане.
„Три години претходно ДУИ како коалиционен партнер ја сметавме како партија која држи до зборот и коректно се однесува во однос на она што е договорено. И ние се трудевме, исто така, коректно да се однесуваме во однос на тоа што е договорено. Во оваа една година кај дел од нив има отстапувања од таа пракса, дали затоа што чувствуваа дека ВМРО-ДПМНЕ го нема мнозинството во парламентот, бидејќи има 56 пратеници и на некој начин мнозинството го покрива ДУИ со нивните пратеници, дали заради нешто друго, смета Груевски. Тој вели дека на неколку пати во изминативе неколку месеци разговарал со Али Ахмети. На тие средби, како што вели, му укажал на претседателот на ДУИ за однесувањето на одредени поединци.
„Врв на едно такво некоректно однесување е настанот во Слупчане, кој не придонесува ниту за остварување на целите на ДУИ, ниту за остварување на некои важни работи за Албанците во Македонија, туку придонесува само за создавање тензии“, потенцира Груевски.
За шефот на Владата од исклучително значење е да се задржи чесноста во односот со кој било со кого се во партнерство. „За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане. Ние, минатата година, добивме поддршка од мнозинството граѓани во наредните три години да ја водиме Владата според програмата што е зацртана и тоа сакаме да го правиме и ќе настојуваме да го правиме“, рече Груевски, вртејќи се повторно кон ДУИ, но и кон СДСМ. Според него ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ, па, како што додава, ако нема мнозинство во парламентот да дозволи да потклекне на некакви уцени.
„Меѓутоа, ако некој смета дека цената за тоа треба да биде кршење на нашето достоинство, понижување на нас и на нашите граѓани, тоа нема да го дозволиме. Ние не сме партија што сака власт по секоја цена или, пак, што ќе издржи некое партнерство по секоја цена. Ние не сме СДСМ и не може да сметаат дека сме Бучковски и Црвенковски па ако немаме мнозинство во парламентот дека ќе потклекнеме на некакви уцени, понижувања или било што. Ние како партија не сакаме да рушиме ничие достоинство, ние сакаме да ги почитуваме сите, сите етнички заедници, сите граѓани во Македонија и не сакаме да си поигруваме со чувствата на другите етнички заедници. Меѓутоа, доколку некој друг тоа сака да го прави и ако смета дека на тој начин ќе постигне одредени политички поени, мислам дека го промашил партнерот во овој случај“, нагласи Груевски.
|
|
Статијата е прочитана 2590 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 22.08.2012 15:10:49 | Pa jasno kako bel den, reitingot vrtoglavo pagja i kaj DUI i kaj DPMNE, i mart nema da go cekaat, gotovi se. |
| ubava vest, 22.08.2012 15:38:58 | Supeeeeeeeeer! Izboriiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii! Da go stasame svetot |
| D.V., 22.08.2012 15:46:40 | Eve uste edna dobra mestenka vo programata, isplanirana od vladinata koalicija, odnosno P R kukjata koja uspesno raboti za sto podolgo sedenje na dosegasnite fotelji, a protiv interesite na makedonskiot narod. Taa vredna P R kukja koja *gi pravi intelegetni* ja plakjame site nie i *patriotite * i *predavnicite* i ke prodolzat i nasite deca i vnuci. Krajno vreme e , makedonskiot narod da se razbudi od anestezijata vo koja predolgo e ostanata. |
| Reci, 22.08.2012 17:09:57 | Bilo Makedoncite bilo Albancite, treba da sfatit da ova igra e dobro rasmisleno za da idet na vanredni izbori, a na drugata strana opozitata e ne e potgotfena, i ako odat na izbori ovaj kualicion sto e sega pak ke pobedit, teshko narodot, so ova kriza sto go imat makedonia, so energetikata, gorivoto, strujata sekoj den se pokacuvat, a sega se priprmema za izbori.
Narodot da stane vo demostracii, za ovje poskapuvanie, inaku ti ke berat pari za izborna kapania. Fala |
| mitre, 22.08.2012 20:21:40 | Испланирана трик криза............Бизнис релациите се поважни................ |
| pile, 22.08.2012 20:59:42 | „Постои криза во коалицијата..., ние сме подготвени за предвремени парламентарни избори,.. призна денеска во жестокото обраќање од Кичево премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Citajki go posledniot stav od tekstot nemozje da se stekne zaklucok za nekakva zjestokost na govorot na najgolemiot patriot,naprotiv, po se izgleda se poglednal vo ogledalo i sto videl;za sesttgodisno vladeenje osven presmetkata so politickite neistomislenici,transparentni apsenja bez efikasna sudska razvrska,partizacija na sekoj segment od instituciite, selektivna borba protiv organiziraniot kriminal i toa bez konfiskacija na imotot ili so neodgovoren odnos kon istiot, kako sto e slucajot so ,Ken Kumanovo ili ,Zjitomel Kumanovo od akcijata ,Pepel i nitu eken sustinski problem od sustinsko znacenje za Drzjavata na nadvoresen plan ne uspea da zatvori kvalitetno,taka da OSTAVKATA E neminovna.Na R.Makedonija i treba Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so preoden period od dve godini, za da |
| Voin i voen zlostornik nemaat nishto zaednichko, 22.08.2012 21:20:39 | Gospodine premier, odavanje pochit na zaginatite neprijatelski borci/voini e kulturen, moralen i pomiruvachki chin. No pomiluvanje (avtentichno tumachenje), pochituvanje i nagraduvanje so najvisoki drzavni funkcii na optuzeni zlostornici, e zlochinachki chin. Shto od ovie dve raboti vie storivte? |
| Трпе, 22.08.2012 22:04:46 | Јавно соопштение дека бродот тоне.Е сега се уште не се знае дали капетанот и глувците се спремат за бегство.Никој на народот овие неколку години не сакаше да признае дека државата е зафатена од канцер и дека последните две три години со проектот Скопје 2014 метастазирал.Кој ке се јунак избере ако може животот на ова болно државиче да го продолжи. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 24°C
|
|
|
|
|
|