22.08.2012, 15:29 Подновено училиштето „Љубен Лапе“
Општинарите од Аеродром завршија со реконструкција на основното училиште „Љубен Лапе“. Заменет е стариот азбестен покрив, поставени се нови прозорци и е извршена обнова на тоалетите. При реконструкцијата на објектот поставена е нова термоизолација и нова громобранска инсталација. За обнова на училиштето Општината Аеродром потрошила 17 милиони денари.
Инаку, како што информираше денеска градоначалникот Ивица Коневски, до почетокот на учебната година се очекува да заврши реконструкцијата и на другите основните училишта во Аеродром. За таа намена Општината од сопствениот буџет ќе потроши вкупно околу 1,5 милиони денари. (Дс.Т.)
|