22.08.2012, 09:42 Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Според истражувањето Ајфеловата кула во Париз е најскапа и е проценета на 434 милијарди евра
Истражување на италијанската Стопанска комора на Монца и Брианза покажува дека најголемите културни и историски објекти во Европа чинат 700 милијарди евра, пишува весникот „Фигаро“.
Комората оценката ја формира врз основа на податоците на италијанската статистичка служба и на Еуростат, а се земени предвид уште 10 економски, туристички и социо-културни критериуми.
Според резултатите од оценувањето Ајфеловата кула во Париз е најскапа. Таа е проценета на 434 милијарди евра. Годишно ��јфеловата кула ја посетуваат 7 милиони туристи, од кои 75 проценти се странци. Тоа ја прави најпосетуван платен објект во светот.
Колосеумот во Рим се проценува на 91 милијарда евра. Од декември тој ќе биде реновиран благодарение на 25 милиони доалри, инвестирани од италијанската компанија за чевли Тодс.
На 90 милијарди евра е проценета катедралата во Барселона.
Лондонска кула, позната и како „Крвавата“ кула е проценета на 70,5 милијарди евра. Таа се наоѓа на брегот на Темза и била место на егзекуции и тортура.
Музејот Прадо во Мадрид со една од најголемите колекции во Европа се оценува на 60 милијард евра, додека Стоунхенџ во Англија, кој привлекува над милиони туристи годишно е оценет на само 10,5 милијарди евра. |