23.08.2012, 14:27 Трудниците и луѓето над 60 години да седат дома
Пеколното време и температурите над 40 Целзиусови степени се вратија и од денеска топлотен аларм е вклучен во речиси цела земја, со исклучок на пелагонискиот регион.На опасноста од пеколните горештини, односно портокалова фаза, што е чекор пред вонредна состојба, Министерството за здравство прогласи скопскиот, југоисточниот регион, полошкиот, охридско - преспанскиот, осоговско- малешевскиот.
Со неа се вклучени и мерките за заштита од топлото време, со кои од работа треба да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години. Да се заштитат и децата во градинките кои не треба да се изнесуваат на прошетки од 11 до 16 часот. Во истиот пе��иод од работа треба да се ослободат и работниците кои работат на отворено, а оние кои работат во погони каде самото производство го зголемува ризикот од топлото време, треба да им се дава почести паузи и да се обезбеди ладна просторија.
И натаму важат општите препораки против топлото време- да се избегнува излегување на најтоплиот дел од денот, да се внесуваат повеќе течности, да се носи светла облека, а хронично болните редовно да земаат терапија. Задолжително да се мие и тоа под силен млаз вода овошјето и зеленчукот пред да се консумира, храната добро термички да се обработува и свежа да се јаде,а да се избегнува храна со свежи јајца и мајонез. (Ј.Ј.)
|