24.08.2012, 15:07 Чингоски: Македонија има доволно струја
Додека земјите во регионот алармираат дека оваа есен и зима ќе се соочат со хроничен недостиг од струја поради намаленото производство предизвикано од долгата суша, како резултат на што нејзината увозна цена ќе биде многу висока, од Електрани на Македонија велат дека нема место за паника кога станува збор за Македонија. Според директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, производството на струја од домашните капацитети во моментов исполнува над 100 проценти од предвиденото според Енергетскиот биланс за годинава.
„Се надевам дека нема да се случи криза во производството и снабденоста. Иако хидропроизводството изнесува 55 отсто од вкупниот капацитет, тоа во моментов ги покрива потребите“, изјави Чингоски.
Сепак, тој потврди дека ЕЛЕМ ќе распише тендер за увоз на струја в понеделник, поради можноста од криза во акумулациите и недостиг од вода доколку сушата продолжи и наесен. Потребата од нов увоз на електрична енергија било повеќе превентивна мерка отколку одраз на некаква криза со струја. Поточно, според Чинговски, се купувала струја за зимската сезона што претстои, за евентуално да не дојде до недостиг од струја во земјава.
„Да се надеваме дека тоа нема да се случи, но доколку се случи и ако оваа есен биде сушна како што е и летово, ќе имаме заштедено колку-толку струја. Затоа на овој тендер што ќе се распише на 27 август ќе се набават 40 мегавати кои ќе се чуваат како резерва, за дневни потреби, односно за периодот од 11 до 23 часот. Сега е подобро да се купува струја затоа што е поевтина, за разлика од нејзината цена во зимскиот период“, рече Чингоски.
Тој потсети дека од 1 октомври годинава ЕЛЕМ веќе нема да има обврска за увоз на струја за тарифните потрошувачи, односно за домаќинствата. Според Законот за енергетика, таа задача ќе ја има ЕВН „Македонија“ . (М.Т.)
|
|
Статијата е прочитана 608 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Jovan Jovanov, 24.08.2012 16:02:20 | Pocituvani gospoda
Uste edna manipulacija od Gdinot Cingovski.Uvozot na struja i raspisuvanjeto na tenderot sega za uvoz na struja ne e zaradi toa so treba da se stedi,tukuzaradi toa so proviziite treba da bidat podeleno sega,bidejki kako sto bese kazano od ustata na premierot,Cunki branot go fatil i Gdinot Cingovski koj na esen treba da odi vo Ambasadori.
Do koga vakvi evtini manipulacii.Mnogu go podcenuvate narodov gospoda politicari.Dosta so toa tuku ostavete ja zemjava konecno da se razviva,,konecno da ja zafati razvoeniot bran koj e tolku ocekuavan. |
| Maitap muabet, 24.08.2012 16:50:32 | Vlatko, ke pametime sto velis sega.Makedonia ima hronicen nedostatok na struja i problemite se doprva.Proizvodnite Kapaciteti se stari, loso odrzuvani i ne gi pokrivaat potrebite a kamo li da imalo rezervi . |
| Skopje 1689, 24.08.2012 21:11:31 | Sega, ima, ili nema struja ?, ne razbrav, ovoj likov sto saka da kaze ?! - ke kupuva, kade, vo Tinex, za denari, ili kako ? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|