23.08.2012, 15:50 Јанкулоска: Да не се злоупотребува армиската или полициската униформа
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека чинот во Слупчане длабоко ги повреди чувствата на Македонците и оти најмалку се согласува со злоупотреба на безбедносните сили на полициската или на армиска униформа за дневно - политички или партиски интереси. Смета дека процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.
„Не би навлегувала во личните видувања и објаснувања за одредени чекори кои поединци ги влечат. За тоа ќе судат граѓаните и ќе дадат своја оценка, јас не се согласувам со таквиот чекор и најмалку од се се согласувам со злупотреба на безбедносните сили на полицикската или армиската униформа за дневно-политички или партиски интереси безбедносните сили треба да останат во функција на заштита на интересите на Република Македонија, изјави Јанкуловска, која денеска беше во посета на полициската станица во Ранковце.
Јанкуловска го поддржува предложениот закон за посебни права на бранителите и истакна дека тоа е потврда за принципиеланата и конзистентна политика која ВМРО-ДПМНЕ ја води како партија.
Одговарајќи на новинарско прашање таа рече процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.
„ Напротив ваков процес е за поздравување и значи расчистување со минатото во смисла да се оневозможат лицата кои на одреден начин напредувале во кариера или оставрувале материјална корист да не можат да бидат носители на јавни функции. Сметам дека јавноста има право да знае кои лица на недозоволен начин, користеле методи непримерни за едно демократско општество и успеале за нив да остварат некаквна корист, изјави Јанкуловска.
Министерката ги отфрли тврдењата дека МВР има добиено пријава за прекршување на законот за МВР поврзано со лустрацијата.
„МВР нема добиено никаква пријава за прекршување на законот. МВР реагира по основ на оние дела кои се пропишани како кривични во Кривичниот законик и оние кои се гонат по службена должност. Доколку во иднина има такво нешто, несомнено како и во секој друг случај, ние ќе постапиме согласно нашите законски надлежности, истакна Јанкуловска.
|
|
Статијата е прочитана 922 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mile, 23.08.2012 19:02:41 | Zasto ministerke tvoite rabotnici sto nosat policiska uniforma ja zloupotrebuvat : za rabotno vreme sedat po kafani potoa koga ce izlezat na teren se drski, silni, nedolicni, nekulturni dali nekogas ce stavite kraj na ovoj problem. Vozat koli neregistrirani, skuteri neregistrirani i bez kacigu a na drugi pisuvat kazni. Spored koji standardi gi odbravte kaznite. |
| Трпе, 23.08.2012 19:22:54 | не ми е јасно поради која причина е дадена ова изјава на госпогата министерка.Или ова старата:Кажи зете голем лав.само нешто да се зборува а да не се молчи.Ова во земјата што се случува многу смрди.Никакви спрејови не може да ги разнесат овие непријатни реи кои ги губи власта од контрола. |
| durakoski nazmija, 23.08.2012 19:43:01 | gosodjo dodeka ne zaboravite dvete strani na minatoto nemozite da gradite idnina ve molam kako vas i niv nebidete dvolicni pred narodot makedonski mk e drzava za sekoj koj zivee vo nea razmislete dvapati
a ako sve pod dogovor za ukadenite pari da gi zamackate na ovaj nacin narodot ne se budali haha
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 36°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|