23.08.2012, 14:51 Магистрален водовод за жителите на Влае 2 и Порта Влае
Општинарите од Карпош започнуваат проект за изградба на магистрален водовод за поквалитетно снавдување со вода. Новата водоводна траса во должина од 1.500 метри ќе снабдува над 4.000 жителите од индивидуални и колективни објекти во населбите Влае 2 и Порта Влае.
Од Општина Карпош соопштуваат дека цевките ќе се поставуваат на потегот од мостот Обединети нации, по Кејот на Вардар, преку Влае 2 до улицата „Адолф Циборовски“, а во продолжение на траса што ќе оди паралелно со улицата „Адолф Циборовски“, до станбено деловниот комплекс Порта Влае.
„Во овој дел пред 35 години беа изградени мали бараки со по 35 квадратни метри, а денес се големи семејни објекти со над 300-400 квадрати површина. Згора на тоа има изградени и згради за колективно домување, така што на жителите од овој дел на Карпош, значително им е отежнато водоснабдувањето, посебно во летните месеци. Со овој крупен инфраструктурен проект, кој вреди околу 17 милиони денари, конечно ќе им се реши проблемот на граѓаните од Влае 2 и Порта Влае“, изјави вчера градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Инаку, претходно Општина Карпош го среди водоснабдувањето и не дел од жителите во Нерези. (Б.Ш.)
|