24.08.2012, 15:28 Порто му го продаде Переира на Интер
Уругвајскиот лев бек во миланскиот гигант се пресели за сума од 10 милиони евра, која може да достигне и до 15 милиони евра доколку се исполнат одредени услови
Уругвајскиот репрезентативец Алваро Переира го засили 18-кратниот италијански шампион Интер. Левиот бек од Порто во миланскиот гигант се пресели за сума од 10 милиони евра, која може да достигне и до 15 милиони евра доколку се исполнат одредени услови.
Два милиони евра ќе влезат во касата на Порто по одиграни 25 натпревари за новиот клуб, уште два во случај Интер да го освои "Скудетото", Купот на Италија или Лигата на Европа и дополнителни еден милион евра ако "нероаѕурите" изборат место во Лигата на шампионите следната сезона.
Переира направи добар почеток во Европа со романскиот Клуж, во 2009 година Порто го донесе за 2,5 милиони евра. По што постана клучна фигура во дресот на португалскиот клуб за кого запиша 72 настапи. Переира е вториот фудбалер на Порто кој ова лето го засили Интер. Претходно тоа го стори Фреди Гуарин кој минатата полусезона играше за "нероаѕурите" како позајмен.
|