22.08.2012, 12:44 Поп Ацев трет во Гран-при серијата на ФИНА
Најдобриот македонски пливач на долги патеки, кој и минатата година беше севкупно трет, освои 45 поени, колку и Италијанецот Андреа Волпини
Евгениј Поп Ацев го подели третото место во вкупниот поредок на Гран-при серијата на ФИНА во маратонско пливање, која заврши со трката во Охрид во неделата. Најдобриот македонски пливач на долги патеки, кој и минатата година беше севкупно трет, освои 45 поени, колку и Италијанецот Андреа Волпини.
Австралиецот Трент Гримзи освои 95 бода и е нов освојувач на серијата по нејзиното одвојување од Светскиот куп на 10 километри во 2007 година. Досега Бугаринот Петар Стојчев беше неприкосновен, но 35-годишниот рекордер на Охридскиот маратон годинава не е ни на подиумот, бидејќи учествуваше во само две трки. Второто место во генералниот пласман му припадна на Аргентинецот Дамјан Блаум, кој собра 71 поен.
Томи Стефановски, кој лани беше четврти во вкупниот поредок, годинава освои 19 бода со второто место во Сен Жан. (Р.Д.)
|