23.08.2012, 10:38 Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книга
Семејството Мелис кое живее на Сардинија е најстаро семејство во светот, девет браќа и сестри имаат вкупно 818 години, а најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книга.
По седум години истрага на пет континента, Гинис потврди дека семејството Мелис држи светски рекорд на долговечност.
Семејството Мелис е потекло од Пердасдефогу, регион на централноисточниот дел на Сардинија.
Точно на 1 јуни 2012 година, девет браќа и сестри од семејството имале 818 години и 205 денови. Најстарата сестра Консолат која има девет деца, 24 внуци, 25 правнуци, три чукунвнуци и на 22 август полни 105 години.
Втора по ред е Клаудија која има 99 години, добро здравје и секогаш е на првиот ред во недела на миса. После неа е сестрата Марија со 97 години, која има здравствени проблеми од неодамна.
Потоа Антонио со 93 години, Консет со 91, Адолфо со 89 кој се` уште работи во еден бар, па Виталија со 81 година и најмладата Мафалда која има 78 години.
Реонот на Сардинија е познат по долговечност. Според студиите уште од 1996 година на Островот има повеќе од 2.500 стогодишници.
|