22.08.2012, 13:12 Официјален крај на бракот на Том Круз и Кејти Холмс
Поранешните партнери останаа во добри односи поради нивната петгодишна ќерка Сури, за која примарно старателство доби Кејти
Американските актери Кејти Холмс и Том Круз и официјално се разведени. Популарната брачна двојка се разведе по пет години минати во брак, одлуката ја објавија во јуни, а спогодбата ја постигнаа во јули. Во судот во Њујорк е потпишан договор со кој официјално е разведен бракот на Холмс и Круз.
Поранешните партнери останаа во добри односи поради нивната петгодишна ќерка Сури, за која примарно старателство доби Кејти. Минатата недела беше соопштено дека девојчето го прифатило фактот дека нејзините родители повеќе не се заедно.
|