23.08.2012, 13:23 ЕУ пред опасност од поделба на Северна и Јужна Европа
Шефовите на дипломатиите на Германија и балтичките држави ја предупредуваат ЕУ за опасноста од поделба во момент кога должничката криза ја поткопува довербата меѓу членките
Германија и трите балтички држави ја предупредија ЕУ за опасноста од поделба на Северна и Јужна Европа во момент кога должничката криза ја поткопува довербата меѓу државите-членки, се вели во министерска порака публикувана денеска во Вилнус. - Довербата меѓу европските соседи и довербата во Европа - нашиот заеднички проект, е во основата на заедницата, наведуваат министрите за надворешни работи Гвидо ��естервеле (Германија), Аудронјус Ажубалис (Литванија), Едгарс Ринкевичс (Летонија) и Урмас Пает (Естонија).
- Соработката во Европа не е нешто за кое може да кажеме дека е веќе установено, како што не потсетува должничката криза. Сега имаме длабока криза на довербата и на основите за доверба, наведуваат тие.
- Дисбалансот не ги засега само националните економии од еврозоната. Се посилно се раздалечуваат и националните дебати за Европа, констатираат тие. Две децении по паѓањето на Берлинскиот ѕид континентот е под закана за нова поделба - овојпат меѓу северот и југот, сметаат министрите.
Се очекува денеска тие во Рига да разговараат за регионални прашања меѓу кои се безбедносниот сектор и одбраната. Министрите ги поздравија успешните реформи во балтичките држави.
Авторите на пораката го критикуваа пактот за ненапаѓање склучен пред 73 години од нацистичка Германија и Советскиот Сојуз. Во септември 1939 година СССР ја нападна Полска и подоцна ги анектира во 1940 година, балтичките држави. Тој пакт „отвори пат за неправедна и нечовечна политика која предизвика катастрофална сиромаштија во Европа“, истакнуваат министрите. |