24.08.2012, 12:15 Македонско-американски проект за борба против криминалот
Зајакнување на македонските капацитети за спречување и справување со криминалот особено со организираниот криминал и корупцијата е целта на проектот кој наскоро ќе почнат да го спроведуваат владите на Република Македонија и на САД.
Проектот, како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Алесандар Ѓорѓиев, ќе се фокусира на проактивни пристапи во фазата на истрага и ефективно кривично гонење, лоцирање на одговорноста на сторителите и нивно казнување, како и унапредување на јавната безбедност и доброто владеење.
Целите, начините и методологијата на остварување на оваа заедничка соработка ќе биде дефинирана со договор што ќе го потпишат двете држави, а за што Владата на РМ ги овласти МВР и Министерството за правда.
- Со овој проект кој се реализира со партнерство со САД очекуваме да се засилат капацитетите на институциите, да се зголемат знаењата и вештините на кадарот во институциите се со цел достигнување на нови стандарди кои се од интерес за ефикасно и ефективно работење и од интерес на граѓаните на Република Македонија. Ова е покажува сериозната посветеност на Владата за унапредување на стандардите, а кредибилитетот на партнерот во оваа сфера е гаранција за успешност на целиот проект и квалитетно спроведување на законите, изјави Ѓорѓиев.
Со овој проект и соработка, како што рече, ќе бидат преземани повеќе активности кои ќе се одвиваат во два правца.
Првиот е Иницијативата на постојаниот правен советник при Бирото на Стејт департментот за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законитте. Ќе вклучува обуки, донација во опрема, технича поддршка и струча експериза за Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за правда, Јавното обвинителство, судството, особено првостепените кривични судови.
Вториот е Проектот за градење на капацитетите за спроведување на законите. Вклучува модернизација на органите за споведување на законите во РМ преку подобрување на нивните капацитети за водење истраги и ефективно кривично гонење на сложени кривични дела, како и зајакнување на професионализмот во полициските служби.
Проектот и договорот за соработка кој треба да биде потпишан следната недела ќе траат две години, а финансиската конструкција во која ќе учествуваат двете држави ќе биде позната при потпишувањето на документот.
|