Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
23.08.2012, 15:00

Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“

За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и продажбата се најважни

Новоизбраниот извршен директор на „Њујорк Тајмс“, Марк Томпсон, го чекаат нови предизвици, слични на тие со кои се соочуваше и во Би-Би-Си, односно да се воведе овој сериозен бренд  во електронскиот и глобален свет на медиумите и да се воспостави рамнотежа меѓу конкурентските политички центри на моќ.

Единствена разлика е во тоа што сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и продажбата се најважни, за разлика од медиумите кои се заштитени од владата, кај кои голем дел од приходот доаѓа од претплата на гледачите и читателите.

Според годишниот извештај за претходната и оваа година кој е објавен во јули, комерцијалните приходи на Би-Би-Си, изнесувале само 348,44 милиони долари, додека 5,66 милијарди долари се заработени од претплата.

- Ова ќе биде прв пат Марк Томпсон да се соочи со сериозен комерцијален притисок - рече Стив Хјулит, советник за медиуми и поранешен новинар на Би-Би-Си.

- Да се работи на електронски развој на Би-Би-Си кога не мора да се грижите за парите е една работа, а да се работи тоа истото кога акционерите ви дишат во врат и ви ја уништуваат работата е нешто друго - додава Хјулит.

Тоа не значи дека Томпсон не е дораснат за таа задача. Извори велат дека овој извршен директор со оксфордска диплома, не се плаши од тешки одлуки, од намалување на трошоците, до укинување на омилени емисии.

Томпсон (55) кариерата ја изградил во Би-Би-Си каде во 1979 година работел како приправник, а потоа работел на емисии како што се „Њузнајт“ и „Вести во 9“, пред да стане генерален директор, што во британската телевизиска индустрија се смета за највисока позиција.

Во Њујорк Тајмс доаѓа во периодот на големи промени во оваа медиумска куќа, но и во пошироката американска новинска индустрија, која доживеа голем пад во продажбата и огласувањата, при што не се сметаше дека онлајн приходите можат да направат битна разлика.

Читателите се повеќе вестите ги читаат на своите смартфони и таблети, што доведе до масовни загуби од огласите во печатените медиуми. Приходите од огласите во Тајмс паднаа за 8 отсто во второто тромесечие оваа година, додека електронското огласување падна за околу 2 отсто.

Извори дури велат дека едно од клучните прашања поврзани за Томпсон е дали тој ќе биде во состојба да го примени своето искуство да ги убеди британските законодавци и даночни обврзници да дадат пари за Медисон Авенју, во што има ограничено искуство.

Продолжена рака

Компанијата Тајмс порано беше огромен медиумски конгломерат со ТВ и радио станици, магазини и десетици весници, а поседуваше акции во спортски клубови како што се бејзбол тимот Бостон Ред Сокс и фудбалскиот клуб Ливерпул.

Но, со тек на годините безмилосно го трошеа својот имот. Компанијата минатата недела рече дека размислува да ја продаде интернет страната About.com за наводни 270 милиони долари, а во декември ја продадоа својата регионална новинска група за 143 милиони долари.

Како резултат на тоа, компанијата се сведе на својот водечки весник „Њујорк тајмс“, кој се` уште е најзначаен весник во светот, со своите три братски публикации: „Бостон Глоуб“, „Интернешнал Хералд Трибјун“, „Ворчестер Телеграф“ и „Газет“.

Приходите и акциите на компанијата Тајмс значително паднаа. Приходот во првата половина на годината падна за 30 отсто, во однос на истиот период пред четири години. Цената на акциите падна од високи 53 долари на помалку од 10 долари.

За разлика од тоа, според годишниот извештај објавен во јули, Би-Би-Си собра вкупно 6,52 милијарди од претплата, од комерцијални операции и од своите светски и надзорни сервиси.

Ваквите деловни предизвици би биле доволни за кој било нов извршен директор, но Томпсон исто така мора да ја следи и интерната политика на владејачкото семејство Окс Сулцбергер.

Извори велат дека, иако тој е извршен директор, Томпсон всушност ќе биде само продолжена рака на директорот Артур Сулцбергер Помладиот, кој цврсто ја контролира компанијата. Претходната директорка Џенет Робинсон во декември ненадејно ја напушти компанијата по 28 години работа, поради нешто што изворите го наведуваат како судир со Сулцбергер околу водството и други прашања.

- Тоа е компанија која ја води едно семејство - рече Даг Артур, аналитич��р од Еверкор и додаде - Јас имам само едно прашање, зошто го прифатил тоа место?

Едно од можните објаснувања зошто Томпсон го прифатил местото може да биде едноставно локацијата. Томпсон е оженет со американската писателка Џејн Блумберг со која има три деца и неговиот поранешен соработник рекол дека тие секоја година одат на одмор во нејзината семејна куќа во САД. Изворот додава дека сопругата на Томпсон сакала да бидат поблиску до нејзиното семејство.

Аналитичарот Артур исто така наведува, дека иако компанијата е под контрола на едно семејство, Томпсон како извршен директор ќе има одреден степен на автономија во работата, за да докаже дека е способен да ги води акциите во неа.

Претставник на компанијата Тајмс одби да ја коментира оваа приказна.

Следен чекор кон телевизијата?

Со вработувањето на Томпсон во Тајм, Сулцбергер доби извршен директор кој го почитува новинарскиот интегритет, но кој не се плаши да донесе тешки одлуки околу трошоците кои треба да бидат во согласност со економската реалност.

Додека Сулцбергер, кој исто така е издавач и на „Њујорк Тајмс“, одбил да ги намали трошоците на редакцијата, а истото го направија и повеќето водечки дневни весници, Томпсон беше принуден да преземе мерки за штедење кои вклучуваат многу откази од Би-Би-Си.

- Всушност тој беше многу ефикасен во тоа да ги натера редакциите добро да ја вршат својата работа и да ги намалат трошоците - рече Емили Бел, поранешна извршна директорка на вестите во лондонскиот весник „Гардијан“ и моментално директорка за електронско новинарство на Универзитетот Колумбија.

Томпсон исто така на компанијата Тајмс  и носи проверени методи во се поважниот електронски бизнис. Тој е заслужен за развојот на iPlayer, апликација која на корисниците им овозможува бесплатно да ги прегледуваат пропуштени програми онлајн. Тој потег се смета за голем успех.

Исто така тој помогна BBC.com да стане еден од водечките глобални веб портали кој во јуни имаше околу 57 милиони посетители од целиот свет, како што наведува компанијата comScore.

Минатата година компанијата Тајмс воведе плаќање на своите електронски производи што до сега се покажа успешно во уверувањето на читателите да ги плаќаат вестите. Вкупниот број на дигитални претплати за NYTimes.com и BostonGlobe.com на крајот на второто тромесечје порасна за 13 отсто на 532.000.

Извор во редакцијата на „Њујорк Тајмс“ во вторникот изјави за Ројтерс дека клучното прашање поврзано за вработувањето на Томпсон е тоа - дали ова е знак дека одиме повеќе кон работа на телевизија или тој ќе го преземе истото што го работевме досега и тоа ќе го дистрибуира пошироко на глобално ниво.

Меѓутоа, некои извори го повторија ставот на британската медиумска аналитичарка Клер Ендерс, која смета дека на Томпсон ќе му биде тешко да го повтори успехот од Би-Би-Си во Тајмс.

- Ова не е потег кој значи: „Ова е човекот кој ќе ги трансформира трошоците на организацијата, ќе го промени моделот на работа до непрепознатливост, за да може компанијата да преживее и да ги зголеми приходите“, т.е. се она што обично го бараат акционери на некоја јавна компанија - вели Ендерс. (Радио Слободна Европа)


Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар



Македонец притворен во Солун, го поставил знамето со 16-крако сонце
Работник паднал од скеле ��ри изградба на катна гаража
Каспаров ослободен по демонстрациите за Пуси Рајот
Мит Ромни е подготвен да војува заради нуклеарно оружје
Пронајден трупот на исчезнатата жена од село Единаковци
Канделабри ја осветлија Старата скопска чаршија
Протераните Македонци од Грција не се откажуваат од своите имоти
Работилници за идентитет на бренд и за дизајн на пакување
Оланд - Грција треба да остане во еврозоната
Пожар во светиниколско зафати борова шума стара 40 години
„Самсунг“ ќе треба да му плати на „Епл“ една милијарда долари
Средбат�� Груевски - Ахмети без договор
Во септември ќе биде објавен седмиот јавен повик за ИПАРД
Пет региони зафатени со топлотен бран од портокалова фаза
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Гранит ќе гради автопат во Босна вреден 180 милиони евра
Не постои ниту една причина Македонија да не биде дел од НАТО
Две лица загинаа во оружен напад во центарот на Њујорк
Непрописно возење е причина за несреќата кај Росоман
Чингоски - Македонија има доволно струја
Стефков на средба со Аврамопулос
Брејвик не е изненаден од пресудата и нема да поднесе жалба
Поштар лажно пријавил дека му украле 350.000 денари
Јордан Проевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Ресен
Посмртните останки на Арафат под експертиза на швајцарски експерти
Меркел - Грција мора да ги испoлни обврските
Законот за бранителите влезе во Собрание
Царината спречи oбид да и подметнат 48 милиони фалс бандероли
Со 49 милиони евра од Дојче банка ќе се модернизираат два блока во РЕК Битола
Четири деца загинаа во пожар во Германија
Тетово се организира за полесно вработување на младите
Пожари во Скопско, Велешко и Македонски Брод
Од идната недела намалување на температурите за 10 степени
Македонско-американски проект за борба против криминалот
Кореа - „Случајот Асанж“ може да заврши уште утре
Групи за самоодбрана на црквите во Русија
Убиецот на Џон Ленон останува во затвор
Брејвик осуден на 21 година затвор
„Сан“ сепак ги објави фотографиите со „соголениот“ принц Хари
Македонија повторно во портокалова фаза
Тачи застана на страната на ДУИ
Еквадор ќе ја тужи Велика Британија пред Меѓународниот суд во Хаг
ДУИ возврати - бара посебни права за ОНА
Двајца загинати во сообраќајка кај Росоман
Јанкулоска - Да не се злоупотребува армиската или полициската униформа
Ристовски - Има пари за пензии
Иницијатива на СДСМ до Владата за распуштање на Регулаторна
ЛДП - Предвремени избори треба да спроведе демократска влада
Магистрален водовод за жителите на Влае 2 и Порта Влае
Пожар кај скијачките терени во Маврово
Четворица загинати при уривање на балон во Словенија
Трудниците и луѓето над 60 години да седат дома
ЕУ пред опасност од поделба на Северна и Јуж��а Европа
Малолетници краделе златен накит од постари жени
МВР организира отворени денови во полициските станици
Хрватска - На чевларите им треба поправка
Црвенковски бара парламентарни избори заедно со локалните
Почина Томислав Стојановски - Далавера

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |