Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.08.2012, 13:31
Премиера на филм за Мајка Тереза за 102-годишнината од нејзиното раѓање



Филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“ на јапонскиот режисер Шигеки Чиба премиерно во Македонија ќе биде прикажан в недела во 19:30 часот во амфитеатарот на Спомен-куќата на Мајка Тереза

Со премиерна проекција на филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“ на јапонскиот режисер и претседател на Јапонската филмска академија Шигеки Чиба на 26 август во Скопје ќе биде одбележана 102-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

Филмот е снимен за јубилејот 100 години од раѓањето на Мајка Тереза во 2010 година, а премиерно во Македонија ќе биде прикажан в недела во 19:30 часот во амфитеатарот на Спомен-куќата на Мајка Тереза. Филмот содржи архивски снимки од посетата на Мајка Тереза на Јапонија во 1981 година. Авторот прикажува документарни снимки каде е претставен животот на јапонските волонтери, студенти по медицина кои се грижат за штитениците на Мајка Тереза во Домот „Нирмал Хридеј“ во Калкута и кои по нивното враќање во Јапонија, ја продолжувата мисијата на Мајка Тереза во нивната земја.

По повод 15-годишнината од упокојувањето на Мајка Тереза, на 5 септември премиерно ќе биде прикажан и вториот филм од истиот автор „Мајка Тереза и нејзиниот свет“.

На денешната прес-конференција Рената Кутера Здравковска, директор на Спомен-куќата на Мајка Тереза, истакна раѓањето на големата хуманитарка и добитничка на Нобелова награда секогаш го одбележуваат со културен настан, а годинава се одлучиле за филмската уметност. За таа цел ги откупиле авторските права на филмовите на Чиба.

На 19 октомври, кога се одбележува беатификацијата на Мајка Тереза, во криптата на базиликата „Св. Антоние“ во Рим ќе биде отворена изложбата „Мајка Тереза, детството и младоста“. Носител на проектот е кустос-водич Андриана Спирова.

Жаклина Глигоровски, кустос-водич во Спомен-куќата на Мајка Тереза информира дека како дел од Годишната програма на Министерството за култура за остварување на националниот интерес во културата за 2012 година, во областа на меѓународната дејност беше одобрен проектот „Истражување во Државниот архив на Албанија“.

Таа во периодот од 20 до 25 мај престојувала во Албанија со цел да истражува повеќе за семејството на Мајка Тереза, кое од Скопје заминува и живее во Тирана.

Глигоровски информира дека покрај Државниот архив на Албанија, ги посетила и Националната библиотека на Албанија, куќата на мисионерките „Сестри на љубовта“, првата куќа каде живееле членовите на семејството на Мајка Тереза, Националниот музеј на Албанија, црквата „Срце Исусово“, гробиштата „Шар“, каде почиваат мајката Драна и сестрата Ага, Радио-телевизија на Албанија...

Во Државниот архив на Албанија пронајдени се писма од Мајка Тереза до претседателот Рамиз Алиа, писмо од претседателот Рамиз Алиа до Мајка Тереза, разговорот на Мајка Тереза со Рамиз Алиа-печатен на хартија и аудио снимка од него, рачно напишано писмо од Мајка Тереза на албански јазик, Декрет од претседателот Рамиз Алиа за доделување на наградата „Наим Фрашери“ на Мајка Тереза, фотографии од посетите на Мајка Тереза на Албанија во 1989, 190 и 1993 година, како и други документи за братот на Мајка Тереза, Лазар Бојаџи.

Обезбедени се копии од овие документи со цел збогатување на архивот на Спомен-куќата, како и нивно користење за едукација и понатамошно истражување.

Мајка Тереза е родена во Скопје во 1910 година. На неполни 18 години заминала во Калкута каде што го основала редот Мисионери на љубовта и милосрдието и до упкојувањето во 1997 година им помагаше на болните и сиромашните, оставајќи го својот аманет дека светот е гладен за леб, но уште повеќе за љубов. За својата хумана работа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2003 година папата Јован Павле Втори ја беатифицираше, т.е. ја прогласи за блажена, што е чекор до прогласување за светица.

На гробот на Мајка Тереза во Калкута има спомен-плоча со запис „Благодарност од Република Македонија и жителите на родниот град Скопје“.



Статијата е прочитана 259 пати.

Испрати коментар



Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Рамбо Амадеус, Хладно пиво и Фолтин на затворањето на „Битола отворен град“
Претставување на творештвото на лауреатот на СВП
Поезијата се слави во Струга
Четири македонски филма во трка за „Оскар“
Академик Глигор Чемерски воодушевен од „Куќата на Уранија“
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
(ИНТЕРВЈУ) Баравме демократија, а добивме капитализам
На СВП ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“
И во Гевгелија фестивал, „Бош“ по четврти пат
Краткиот филм „Епизодист“ со награда во Холивуд
Гран при за културен менаџмент за министерката Канческа-Милевска
Гостиварка почина по пад од петти кат
Ловориките на „Охрид фест“ за Ристо Самарџиев
Стартуваат 51. „Струшки вечери на поезијата“
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Викендов Берово центар на културниот перформанс
Поетот Хусто Хорхе Падрон вечерва ќе го добие медалот „Блаже Конески“
Официјален крај на бракот на Том Круз и Кејти Холмс
Телеграма пронајдена по 68 години
„Во хармонија“ на Даутовски премиерно во „Св. Богородица“
Ненад Милосављевиќ најдобар бармен во Македонија
Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Згасна фестивалскиот оган на 52. „Охридско лето“
Светот на филмот му оддава почит на Тони Скот
Модната куќа „Луј Витон“ подготвува линија на презервативи
“Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски објавен на чешки
Шарапова отвори продавница за слатки во Њујорк
Италијанските виртуози Енрико Диндо и Моника Катароски за крај на годинешново „Охридско лето“
Почина холивудскиот режисер Тони Скот
Маџиров на книжевен престој во Австрија и меѓународно читање во Грац
Концерт на Гринголтс и Лаул во „Света Софија“
Претставничката на Кина стана Мис на светот
(ФОТО) Археолошки остатоци откриени кај локалитетот Манчевци
Агата Гертчен доби Гран-при на Графичкото триенале во Битола
Во Кочани премиера на монодрама за Методија Андонов Ченто
Премиера на мјузиклот „Декамерон“ во Охрид
Заврши снимањето на патописниот филм „Move on“ во Македонија
Премиера на „Платеници 2“ во кино „Милениум“
На „Охридско лето“ барокна музика со италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“
Поетска книга на Лидија Димковска објавена во САД



STARA SKOPJANKA, 24.08.2012 16:52:19
Kolku mi bese dosega poznato, Majka Tereza po zaminuvanjeto od Skopje, 1928 godina, pred da stigne vo Kalkuta, prestojuvala vo Zagreb nekoi drugi mesta. Se zboruva deka nejziniot tatko, Bijadziju( Vlav), prepriemac po zanaet,bil prviot koj ja zapocnal gradbata na nekogasniot ubav skopski teatar, onoj pokraj Vardar koj sega e preizgraden i mnogu poinakov, od onoj koj nie si go sakavme. Makedonija okupirana so sitnicenje*nasha, nivna* propusti mnogu moznosto vo vrska so ovaa golema licnost koja vo ime na vistionata, e SAMO rodena vo Skopje i nisto poveke!. Vprocem, nie kako voobicaeno,pravime* po svadba- tapani*!
do starata skopjanka, 24.08.2012 22:21:03
taka e , no ne izustivte po vashe da kazhete deka ako ne e makedonka barem e vlainka..., koja zboruvala i pishuvala albanski, koja kazhala deka e albanka, cie semejstvo zhiveela vo albanija...sama Albanka da ne e.. tipicno balkanski ali so golemi idee deka e na svetov :).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |