24.08.2012, 13:08 Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонце
Првпат астрономите открија доказ за тоа како ѕвезда која старее си ја јаде своја планета. Таквите докази не се невообичаени, затоа што ѕвездите кои стареат се зголемуваат, вовлекувајќи ги во себе блиските планети. Но овие настани се случуваат релативно брзо според скалата на космолошкото време, и досега се сметаше дека не е можно ваква појава директно да се забележи.
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин. Таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонце. Додека стареат, реакцијата на фузијата на водородот во нивното средиште заради помалата ефикасност во поголемиот дел од фузијата се преместува кон надворешната обвивка од гасови. Засилената фузија ја загрева обвивката и е скоро 1.000 пати посветла од нормалното, со што се создава дијаметарот на ѕвездата постојано да се шири се додека нејзиниот радиус не ја достигне големината која е еднаква на оддалеченоста на Земјата од Сонцето.
Тим предводен од астрономот Александар Волсезан од Државниот универзитет на Пенсилванија, користеа Хоби-Еберли телескоп од 9,2 метри во опсерваторијата Мекдоналд на планината Дејвис во Тексас, за да ја проучуваат ѕвездата црвен џин означена како БД+48740. Тие во текст во списанието Астрофизички журнал, обавија дека оваа ѕвезда има дијаметар 11 пати поголем од нашето Сонце. Спектроскопијата покажа дека таа содржи ненормално големо количество литиум, редок елемент кој се создава првенствено за време на Големиот тресок.
Литиумот нормално е конузмиран при фузиските рекации кај ѕвездите, па неговото присуство во толку големи концентрации не е вообичаено. Еден алтернативен метод со кој литиумот може да бид создаден е кога ѕвездата јаде планета, и истражувачите веруваат дека токму ова се случило во овој случај.
Оваа можност е поткрепена со откритието дека ѕвездата има уште една планета, со големина 1 и пол пати поголема од Јупитер, која има високо елиптична орбита. „Таквите орбити се невообичаени во планетарни системи околу старите ѕвезди, а всушност орбитата на планетата на БД+48740 е една од најелиптичните која досега е откриена“, цели коавторот на студијата, Андреш Миедзилски од Универзитетот Никола Коперник во Торун, Полска. Тимот спекулира дека енергијата, што се ослободува кога помала планета ќе се нурне во ѕвездата, ја отфрла поголемата планета во нејзината невообичаена орбита.
„Високопродолжената орбита на поголемата планета која ја откривме во близина на овој од литиум загаден црвен џин, е токму оној доказ кој покажува за неодамнешното уништување на сега исчезнатата планета од страна на ѕвездата“, додава коавторот Ева Вилавер од Автономниот универзитет на Мадрид во Шпанија. (Лос Анџелес тајмс - Лос Анџелес) |