22.08.2012, 12:47 „Во хармонија“ на Даутовски премиерно во „Св. Богородица“
Сите љубители на духовниот мир на 27 август ќе имаат можност да уживаат во звуците на уникатната топчестата флејта - окарина, магичниот инструмент цитра, македонскиот кавал...
Македонскиот етно-музичар и перкусионист Драган Даутовски на 27 август, во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, премиерно во просториите на манастирскиот комплекс „Света Богородица“ - Трескавец, ќе го изведе својот музички перформанс насловен „Во хармонија“.
Сите љубители на духовниот мир ќе имаат можност да уживаат во звуците на уникатната топчестата ф��ејта - окарина, магичниот инструмент цитра, македонскиот кавал... Даутовски е уметник чие творештво најмногу се базира на традиционалниот македонски музички фолклор, но како добар познавач и на другите музички правци и стилови на денешницата, често можат да се препознаат елементи од класичната музика, од џез или поп-културата, но и традиционални мотиви и од другите етноси присутни на Балканот, создавајќи на тој начин сопствен и препознатлив стил.
|