23.08.2012, 13:36 Балиќ во тандем со Лазаров во Атлетико Мадрид
Плејмејкерот на хрватската репрезентација денеска треба да пристигне на аеродромот во Мадрид, „Барахас“ и да потпише едногодишен договор со европскиот вицешампион
Хрватскиот ракометен ас Ивано Балиќ, денеска треба да потпише едногодишен договор со Атлетико Мадрид. Тоа значи дека по неколку години Кире Лазаров и Балиќ повторно ќе играат заедно, овој пат во црвено-белиот дрес на Атлетико Мадрид.
Плејмејкерот на хрватската репрезентација денеска треба да пристигне на „Барахас„ аеродромот во Мадрид и да потпише едногодишен договор со европскиот вицешампион. За Балиќ ова е враќање во шпанската ASOBAL лига, ако се знае дека со голем успех настапуваше за Портланд Сан Антонио, со кој беше шпански и европски првак.
Лазаров и Балиќ имаа одлична соработка и освоија серија на трофеи во хрватскиот ракомет. Со ракометар како Балиќ, екипата на Душебаев добива на квалитет, искуство, игра во двата правци и голема каризма.
Ако Балиќ игра како на последната олимпијада, ќе биде придодадена вредност на и така силната екипа на Атлетико Мадрид. Веднаш треба да му се стави на располагање на стручниот штаб и да дебитира на IHF Супер глоб наредната недела.
|