(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Вооружениот напаѓач кој денеска изутрина, во девет часот по локално време, почна престрелка во центарот на Њујорк, најпрвин пукал во својот поранешен шеф, а потоа почнал да пука неодредено по минувачите.
Полицијата реагирала набргу и го застрелала, но десетина лица биле повредени од заталканите куршуми и од стампедото што настанало во паниката.
Сведоците на нападот го опишаа напаѓачот како човек облечен во костум, со акт ташна, кој нападот го почнал веројатно по расправија со колега.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, дошол на местото на настанот и на прес конференција рекол дека станува збор за страшна трагедија и дека полицијата го идентификувала напаѓачот како Џефри Џонсон од Менхетен, на возраст од 52 години и дека пукал од полуавтоматски пиштол. Неговата жртва имала 41 година и се работи за негов надреден колега.