23.08.2012, 13:16 Малолетници краделе златен накит од постари жени
СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ги предаде малолетните лица М.К (17), А.Ј. (16) и еден помал 13 годишен малолетник поради основано сомнение дека во периодот од крајот на мај годинава до средината на овој месец на подрачјето на Скопје а со намера да се стекнат со противправна имотна корист извршиле вкупно 16 кривични дела.
Од нив 14 тешки кражби и по едно кривично дело разбојништво и одземање на моторно возило, при што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 370.350 денари. На двајцата постари малолетници М.К. и А.Ј. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
Како што информира МВР, пријавените заедно или во пар на повеќе локации на подрачјето на Скопје на улиците „Рудо“, „Петар Ацев“, „Пролет“ „Женевска “, „Иван Козаров“, „Јури Гагарин“, „Февруарски поход“, „11 Октомври“, „Бриселска“, „Коста Новаковиќ“, „Првомајска“ како и на бул. „Трета Македонска Бригада“ по правило одбирале постари женски лица како потенцијални жртви на кои со приоѓање од зад грб им ги кинеле златните синџири од вратот или им ги истегнувале чантите од раце, а во еде случај со туркање на оштетената на земја од раката и ја земале златната алка. По нападите веднаш бегале од местото на настанот, а украдените предмети со помош на на лицето Р.Р. (22) по кого полицијата трага ги продавале во разни златарски дуќани во Старата чаршија во Скопје.
По првевземенети мерки сторителите се откриени и приведени во Полициската станица Кисела Вода, а пронајдени се дел од украдените предмети кои им се вратени на оштетените сопственици.
Пријавените во крим евиденцијата се регистрирани како сторители на повеќе кривични дела М.К. за осум кривични дела од областа на имтоните деликти „тешки кражби“, А.Ј. за две „кражби“, а 13 годишниот малолетник за едно кривично дело „кражба“. Пријавениот М.К. и 13 годишниот малолетник се штитеници на Поправниот дом „Ранка Милановиќ“ во Скопје.
|