23.08.2012, 14:36 Четворица загинати при уривање на балон во Словенија
Балон на топол воздух со 32 луѓе, меѓу кои и деца, беше зафатен од невреме и се урна како огнена топка во близина на Љубљана
Балон на топол воздух со 32 луѓе, меѓу кои и деца, беше зафатен од невреме и се урна како огнена топка во близина на Љубљана, при што загинаа четворица луѓе, а 28 други се повредени, јавија полицијата и медицински извори
Милан Знидарсич од Медицинскиот центар на Љубљана јави дека четири изгорени тела биле пронајдени на местото на несреќата, околу 10 км јужно од главниот град. Знидарсич не наведе дали меѓу загинатите имало деца.
Причината за несреќата не е позна��а.
Официјалната новинска агенција СТА јави дека два балона на топол воздух биле во воздухот кога се случила несреќата. Агенцијата цитира очевидци кои изјавија дека еден од балоните се запалил додека се обидувал да се приземји и покрај невремето. Другиот балон безбедно се приземјил, стои во информацијата.
Шефот на противпожарниот тим, Томаж Кучич јави дека додека противпожарните екипи стигнале на местото на несреќата балонот веќе горел на земјата. Кучич не наведе дали балонот се запалил уште додека бил во воздух, или откако се урнал.
Знидарсич јави дека 21 лице биле примени во болница во Љубљана, додека седуммина биле пренесени во други болници. (Асошиејтед прес)
|