23.08.2012, 12:50 Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега воглавно е фокусиран на чевли и чизми
Фабриката за обувки „Борово“ беше некогаш вториот најголем производител во Југославија, вработуваше 23.000 работници, произведуваше 23 милиони чифта чевли, 580.000 автомобилски гуми и 12.500 тони гумени производи годишно, и сето тоа го извезуваше низ целиот свет.
Со седиште во Вуковар, Хрватска, таа ја преживеа крвавата опсада на градот во 1991 година, и покрај страшната штета која на крајот изнесуваше 300 милиони евра. Сега таа се соочува со друга битка за св��е преживување: овој пат соочена со огромниот наплив на евтини увози од Азија. Хрвоје Мерки, кој стана главен извршен директор на компанијата во март годинава, го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега воглавно е фокусиран на чевли и чизми.
Во изминатите пет години, компанијата стана позната по своите големи загуби - таа направи последен пат профит во 2004 година, а во 2011-та ја заврши со загуба од 21,5 милиони куни (2,86 милиони евра), што е зголемување за 363 проценти во споредба со 2010, при продажба во вредност од 182 милиони куни.
Поранешниот генерален директор, Мирко Чавара, кој ја водеше компанијата од 2006 до назначувањето на Мерки во почетокот од годинава, беше критикуван од јавноста кога дневниот весник „Јутарњи лист“ објави дека во 2009 купил скапи лимузини и ги терал работниците од Борово да му направат негова приватна јахта од 10 метри - сето тоа во време кога финансиските резултати на оваа компанија, што е 100 процентна државна сопственост, тонеа се подлабоко во црвено.
Во своја одбрана, Чавара тврдеше дека како лидер на голема државна компанија било нормално дека има право да вози скап автомобил, и дека ја нарачал јахтата како експеримент за да види дали Борово може да се престрои во бродоградба. Фолксвагенот Фаетон на Чавара, вреден 500.000 куни, бил продаден за да се покријат неговите разуздани загуби.
Затоа не зачудува тоа што за Борово често се сметало дека треба да им се придружи на своевремено големите успешни компании во екс-југословенската Хрватска, како што се е машинската компанија Југотурбина, и компанијата за компоненти Југопластика, кои банкротитрале. Сепак Мерки е определен да ги негира предвидувања на отфрлањето на Борово со коренити и секторски промени во компанијата, за кои тој се надева дека ќе возвратат со профит и со стабилна одржлива иднина за преостанатите вработени во Борово.
„Борово има капацитети, ноу-хау и логистика за да биде лидер на пазарот во производството на обувки во Хрватска. Единственото што треба да се направи е да се менаџираат сите нејзини ресурси ефективно и мудро“, рече Мерки.
Сепак, изгледа дека тој не е во заблуда околу величината на задачата што е пред него, заради фактите од лошото менаџирање пред неговото назначување оваа пролет. „Бев шокиран од неразумнито управување и одлуките од мојот претходник, кои доведоа до ситуацијата во која Борово се наоѓа денес“, вели тој.
Мерки ји наведува ситуацијата со продавниците за обувки на Борово како дел од неразумните менаџерски одлуки. „Чудно е што само 22 проценти од чевлите и чизмите во нашите продавници се од Борово, додека 64 проценти се од Кина и 14 проценти од други компании во Хрватска, повеќето од нив се директни конкуренти на Борово“.
А тоа не е заради недостиг од производи. „Имаме огромни количини од завршени производи во нашите магацини, кои остануваат непродадени со години, всушност скоро цела деценија“.
Еден од првите чекори на Мерки, кога седна на челната позиција во Борово, беше да спроведе целосна инспекција на осумте фирми кои ја сочинуваат групацијата Борово, за да може да му се помогне на новиот тим да осмислат соодветен план за опоравување, и за Борово да може да се врати на финасиска добивка и да се создаде профитабилен бизнис кој потоа, за неколку години, можби ќе биде приватизиран.
„Мојата визија е да го трансформирам Борово од мануфактурна компанија во маркетиншки ориентирана компанија, која ќе произведува само она што го бара пазарот, додека истовремено да отвара нози пазари“.
На пример, Борово подготвува започнување на производство на нова програма на специјална заштитна опрема, за употреба во нафтената и гасната индустрија, за кои Мерки верува дека ќе има глобален интерес. Помеѓу причините за неговиот оптимистички став за перспективата на фирмата, е тоа дека компанијата има запленет имот вреден 40 милиони евра во другите поранешни југословенски републики, посебно во Србија и Македонија, кои тој ќе ги побара да се врати или да се плати отштета. Во својот најдобар период, Борово имал 600 продавници низ цела Југославија.
Според неодамнешните објави во весниците, можно е по години војување хрватските и српските власти во крајот на годинава да најават историски договор околу проблемите како што се продавниците на Борово. Ова ќе и помогне на компанијата да ја добие својата војна - растргната во минатото. (Фајненшел тајмс - Лондон) |