24.08.2012, 13:34 Царината спречи oбид да и подметнат 48 милиони фалс бандероли
Вкупно 43 милиони неоригинални акцизни маркички фирмата производител се обидела да и подметне на Царинската управа. Маркичките кои според анализите во МВР не ги содржат основните заштитини елементи и обележја, моментно се наоѓаат во трезорот на Народната банка.
Како што соопшти денеска директорот на Управата, Ванчо Каргов, повеќето се акцизни маркички за тутун и тутунски производи, но има дел и за алкохолни пијалаци. Според сознанијата, отпечатени се 115 милиони, а за нивната изработка што била три до четири пати поевтина, фирмата заработила околу 9,5 милиони денари. За случајот е поднесена соодветна пријава, но уапсени нема.
Царината во меѓувреме склучила интервентнен договор за набавка на нови акцизни маркички чие печатење е во тек.
- Покрај овие 43 милиони за кои е потврдено дека не се оргигинал, Царинската управа пронајде уште 6,5 милиони такви маркички во магацините на фирмите кои, незнаејќи веќе ги набавиле, изјави Каргов.
Со производителот на неоригиналните маркички Царинската управа имала тригодишен договор вреден 62 милиона денари, за изработка на околу 700 милиони парчиња акцизи. Договорот бил преземен од Управата за приходи, а требал да истече на 30 септември годинава. |