23.08.2012, 09:57 Челзи со пресврт до победа против Ридинг
Челзи пред своите навивачи синоќа ја постигна втората победа во новата сезона совладувајќи го Ридинг со 4:2, иако на полувремето противникот водеше со 2:1
Европскиот првак Челзи пред своите навивачи синоќа ја постигна втората победа во новата сезона од Премиер лигата совладувајќи го Ридинг со 4:2, иако на полувремето противникот водеше со 2:1.
Френк Лампард на „сините“ од Лондон во 18-та минута од пенал им донесе водство од 1:0, но гостите со головите на Павел Погребњак во 25-та и на Дени Гутие во 29-та минута дојдоа до водство.
Во 69-та минута Челзи изедначи преку Гери Кејхил, а водството (3:2) во 81-та минута го врати Фернандо Торес. Конечните 4:2 ги постави Бранислав Ивановиќ во судиското надополнување на второто полувреме (90+4 минута).
Ова беше натпревар од 3.коло на Премиер лигата, а се одигра порано бидејќи на 31.август во Монако, Челзи ќе го игра натпреварот од Супер купот на УЕФА против Атлетико Мадрид. |