22.08.2012, 10:45 Камерите го снимиле напаѓачот на Давидовски
Полицијата и по два дена од обидот за убиство на телевизискиот презентер Дејан Давидовски се' уште не соопштува детали од текот на истрагата. На социјалните мрежи пак се појави фотографија на момче снимена од безбедносните камери, за кој се тврди дека е напаѓачот. Се шпекулира дека на дел од снимката бил и ранетиот Дејан. Според непотврдени извори постојат и двајца сведоци, маж и жена, кои се виделе со Дејан само неколку минути пред тој да биде нападнат.
Во полициската истрага за овој случај не се вклучени инспектори од областа на крвни делитки, иако има класичен обид за убиство, а не се вклучени ниту нивните колег�� од Одделот за насилен кринминал. Случајот им бил доверен на полициски инспектори од Одделот за имотни деликти и покрај тоа што од станот на ранетиот презентер не било ништо украдено, како што тоа го потврдија од МВР непосредно по инцидентот.
Давидовски во неделата во 22,20 часот, бил нападнат од непознато лице кое во неговиот стан влегло преку незаклучената врата. Напаѓачот најпрво испукал два куршума од пиштол, а потоа со нож го прободел во стомак нанесувајќи му тешки повреди. Давидовски е опериран и е надвор од животна опасност. (Љ.С.)
|