21.08.2012, 15:35 Се испитуваат околностите под кои почина пациентот во Ѓорче Петров
Министерството за здравство веќе работи на случајот со починатиот пациент пред поликлиниката во Ѓорче Петров, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој истакна дека очекува уште утре да се излезе со официјална изјава за целиот случај, откако ќе се испитаат околностите под кои синоќа починало лицето.
- Спроведуваме сериозна истрага за испитување на околностите под кои се случил целиот немил настан и веднаш штом сите факти ќе бидат разработени ќе излеземе со конкретна изјава, а тоа најверојатно би било утре, нагласи Тодоров.
Па��иент почина синоќа пред поликлиниката Ѓорче Петров во Скопје, откако речиси половина час беспомошно лежел на тротоарот на само 20-ина метри од здравствената установа. |