21.08.2012, 21:31 Вицепремиерката Арифи се сретна со Филип Рикер
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој престојува во повеќедневна посета на Република Македонија.
За време на средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Арифи информираше за активности кои се спроведуваат во насока на исполнување на обврските од Оперативниот патоказ, во пресрет на третиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво, кој треба да се одржи во средината на септември.
- Арифи посебно ги истакна договорот за декриминалзиација на клеветата и навредата во делот на слобода на изразување и медиуми, потоа за Извештајот за реализација на Охридскиот рамковен договор кој го подготви и усвои Владата, како и за реформите во делот на изборите. Заменик-помошникот државен секретар Рикер ги поздрави реформите кои се преземаат во земјата и кои придонесуваат за понатамошно унапредување на демократските процеси. Рикер истакна дека САД остануваат стратешки партнер и поддржувач на Република Македонија и нејзините аспирации да стане дел од ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СЕП
|