22.08.2012, 15:14 Нови 2.000 вработувања до крајот на годинава
„Проектот за вработување на поголем број лица преку проекти кои Владата ги претстави во т.н „нов бран“, оди добро, а две илјади вработувања кои требаше да ги обезбедиме веќе се реализирани и луѓето работат низ различни општини“, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека во делот што требаше да го платат општините, работата во поголем дел е завршена и луѓето се вработени, но преостанува уште одреден број луѓе што општините треба да ги вработат. „Апелирам да бидат малку побрзи и поенергтични во завршување на оваа обврска“, рече Груевски. Инаку, оваа есен се очекуваат неколку од поголемите инвеститори, кои минатата година започнале со градба на фабрики, што значи ќе има ново раздвижување на пазарот на работна сила.
„Очекувам најмалку 2.000 нови работни места да се отворат со отворањето на неколкуте нови фабрики што почнаа да се градат во текот на минатата година. Тие сега завршуваат со објектите и треба да почнат со изборот на вработени“, истакна Груевски.
|