21.08.2012, 14:48 Шведска нема да го предаде Асанж на САД
Владата на Шведска никогаш нема да го предаде Џулијан Асанж на САД, ако таму му се заканува смртна пресуда, изјави во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, претставничката на шведското Mинистерство за правда Сесилија Ридселиус.
Според неа, досега Вашингтон не упатил никакво барање за евентуална депортација од Шведска на основачот на организацијата „Викиликс“. Но, дури и при упатување на такво барање, прашањето за предавање на Асанж ќе биде проследено со неколку услови, истакна Ридселиус. Едно од нив ќе биде американската страна да даде цврсти гаранции дека Асанж во никој случај нема да биде изнесен пред суд во иднина.
Асанж моментално се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон, откако Еквадор му даде политички азил. Шведска сака да го сослуша во врска со жалбата за сексуално малтретирање, поднесено против него од две жени. Асанж тврди дека неговото евентуално предавање од Шведска во САД му се заканува по животот, поради скандалот со стотици американски дипломатски телеграми, кои неговиот сајт ги објави. |