21.08.2012, 14:33 Учебната година ќе почне без задоцнување
Учебната 2012-2013 година ќе почне на 3-ти септември и покрај реконструкцијата на 200-те училишта низ земјава, соопшти министерот за образнование и наука Панче Кралев.
Toj наведе дека оваа година е рекордна по инвестициите во образовната инфраструктура и дека верува оти со почетокот на учебната година учениците ќе влезат во современи и подобрени услови за одвивање на наставата.
Министерот Кралев нагласи дека нема да има никакво одлагање на стартот на учебната година, а сите, кои се ангажирани на градежните активности, работат да биде запазен тајмингот до 3 – ти септември.
Тој додаде дека веќе се одобрени и 41 учебник за средните стручни училишта, каде што имаше проблеми со недостиг на овие материјали. Во тек е и дистрибуцијата на учебници за основните и средни училишта, кои се дел од проектот на Владата. |