22.08.2012, 13:34 (ФОТО) „Аман“ повторно протестираше пред Регулаторна комисија за енергетика
Протестот што започна пред Регулаторна комисија за енергетика заврши пред Владата, а протести се оддржаа и во Битола, Тетово, Куманово и Прилеп
ФОТО: Киро Попов
Граѓанската иницијатива „Аман“ и вчера протестираше пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика против поскапувањата на електричната енергија, парното греење и горивата.
Протестот што започна пред Регулаторна комисија за енергетика заврши пред Владата на Република Македонија. Покрај во Скопје вчера се оддржаа протести и во Битола, Тетово, Куманово и Прилеп.
Организаторите повторно најавија дека ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања, а за следниот вторник најавија и порадикални мерки, бидејќи, како што кажаа, досега никој од надлежните не ги повикал и не побарал да стапи во контакт со нив.
Од „Аман“ бараат да се врати цената на струјата и на парното на нивото од 2008 година, да се укине ставката ангажирана моќност од 33 отсто во сметките за електрична енергија, да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се запре со приватизацијата и докапитализацијата на државните компании во енергетскиот сектор, да се инвестира во обновливи извори на енергија и тоа соларни, ветерни и геотермални, да се повлече новиот правилник на АД Топлификација и да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
|