Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.08.2012, 12:56
Бесими жали ако навредил некого со настанот во Слупчане



Намерата, како што изјави по денешната средба со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер, никогаш не му била таква, туку да придонесе кон помирување.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими изрази жалење доколку некој е навреден од неговото положување цвеќе во Слупчане. Намерата, како што изјави по денешната средба со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер, никогаш не му била таква, туку да придонесе кон помирување.

„Мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам еднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам ��е што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето помеѓу сите заедници. Помирувањето е особено важен чин во Република Македонија, и посебно помеѓу двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година. Верувам дека АРМ може најдобро да го води овој процес на лекување на раните од минатото и да придонесе кон градење на заедничка Македонија“, рече Бесими.

Додаде дека целосно ги поддржува пораките на претседателот на Република Македонија, на премиерот, на лидерот на ДУИ, и другите политички лидери во Македонија за Рамазан Бајрам во кои ги повикаа сите граѓани за толеранција и меѓуетничко помирување и меѓусебно почитување.

„Во Република Македонија се соочуваме со неколку предизвици, вклучувајќи ја и потребата за промоција на помирување и разбирање помеѓу различните етнички и религиозни заедници. Ова претставува стратешка цел во програмата на оваа Влада на Република Македонија. Настојуваме да работиме кон надминување на разликите и нивно претворање во наша вредност односно да градиме една отворена и безбедна Македонија што ќе понуди мир и просперитет на сите граѓани без разлика на нивната етничка религиозна, полова припадност или нивните политички видувања. Во тој дух беше и моето полагање на цвеќе во Слупчане минатата недела“, изјави денеска министерот за одбрана.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер ја поздрави изјавата на министерот Бесими.

„Ги поздравувам зборовите на министерот за помирувањето затоа што тое никогаш не е лесно. Согласно искуството на САД, нашите армија всушност претставуваше темел кој придонесе кон градењето на нашето општество и кон нашата аспирација за градење на едно посовршено општество во иднина. Министерството за одбрана и вооруѓените сили беа на првите линии во интеграцијата на нашата земја и создавање на таа доверба. Помирувањето е во духот и на НАТО“, изјави Рикер.

Како пример посочи на помирување меѓу Обединетото Кралство и Германија, Германија и Франција, Унгарија и Романија, Грција и Турција.

„Како што Клинтон рече во Чикаго ние треба да гледаме кон проширувањето на НАТО во нашите дискусии со земјите од регионот и не смееме до дозволиме денешните вести да ни го одвлечат вниманите од предизвиците и идните цели“, посочи заменик американскиот заменик-помошник државен секретар.

Ја повтори поддршката што САД и ја дава на Македонија за членство во НАТО. „Никој повеќе од САД не сака да ја види Македонија во НАТО“, нагласи Рикер.

Бесими и Рикер разговараа и за билатералната, регионалната и мултилатералната соработка во областа на одбраната, како и за напорите на МО во однос на интеграцијата во евроатланската заедница и полноправното членство во НАТО, како и за некои иницијативи, како што е А5 иницијативата за зајакнување на регионалната соработка во ин терес на мирот и стабилноста во регионот. Министерот се заблагодарил и за учеството на припадници на американската армија на парадата по повод 20-годишнината од АРМ.



Статијата е прочитана 1656 пати.

Испрати коментар



Тачи застана на страната на ДУИ
Еквадор ќе ја тужи Велика Британија пред Меѓународниот суд во Хаг
ДУИ возврати - бара посебни права за ОНА
Двајца загин��ти во сообраќајка кај Росоман
Јанкулоска - Да не се злоупотребува армиската или полициската униформа
Ристовски - Има пари за пензии
Иницијатива на СДСМ до Владата за распуштање на Регулаторна
ЛДП - Предвремени избори треба да спроведе демократска влада
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
Магистрален водовод за жителите на Влае 2 и Порта Влае
Пожар кај скијачките терени во Маврово
Четворица загинати при уривање на балон во Словенија
Трудниците и луѓето над 60 години да седат дома
ЕУ пред опасност од поделба на Северна и Јужна Европа
Малолетници краделе златен накит од постари жени
МВР организира отворени денови во полициските станици
Хрватска - На чевларите им треба поправка
САД не го бараат Асанж
Командос ќе објави книга за ликвидирањето на Осама
Црвенковски бара парламентарни избори заедно со локалните
Македонија и САД потпишаа Спогодба за воздушен сообраќај
Пукал во воздух на свадба и го убил младоженецот
Се подготвува платформа за преговори за Косово
Грција ќе ја исплати целосно економската помош од странство
Македонија во жолта фаза
Три години условно за смртни закани кон Обама
Меркел повторно највлијателна жена во светот според „Форбс“
Ваучери од 15.500 денари за компјутери за социјално загрозените
Активни пожари во Тетовско, Скопско, Кумановско и Велешко
Екоскладирање на пепелта од РЕК „Осломеј“
Почина Томислав Стојановски - Далавера
Ивановски - Предвремени избори се секогаш отворена опција за СДСМ
Бензинските на „Макоил“ затворени од Пазарна инспекција
Владата не е одговорна за поскапувањето на енергенсите
Подновено училиштето „Љубен Лапе“
Груевски - Жалењето на Бесими за Слупчане во позитивна насока
Нови 2.000 вработувања до крајот на годинава
Груевски - Коалицијата е во криза, подготвени сме и за избори
Суспендирана докторката што „се оглуши“ во Ѓорче Петров
МОН - Трансформирани 5.189 договори за вработување на наставници
Почна изградбата на новата технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“
Собранието го донесе Законот за гаранција на заемот на ЕЛЕМ кај Дојче банка
(ФОТО) „Аман“ повторно протестираше пред Регулаторна комисија за енергетика
Циркус „Сафари“ од утре до 23 септември
Србија нема да признае независно Косово
Телеграма пронајдена по 68 години
Од утре температури од околу 40 степени
Албанците од јужна Србија бараат обединување со Косово
Хаг не му дава на Караџиќ да разговора со Клинтон
Издадена книга за уривањето на авионот на претседателот Трајковски
Камерите го снимиле напаѓачот на водителот Дејан Давидовски
Либерман бара смена на Абас
Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Хуманитарната криза во Сирија е меѓу најтешките во светот
Вицепремиерката Арифи се сретна со Филип Рикер
Простотлук и необразованост во речникот за „Скопје 2014“
Се испитуваат околностите под кои почина пациентот во Ѓорче Петров
СДСМ - ЕЛЕМ и МЕПСО се расфрлаат со пари за луксуз
ДУИ се заканува дека ќе излезе од Владата
Рикер не го спомна визионерството на Бесими
Шведска нема да го предаде Асанж на САД
Ставрески - Нема зголемување на даноците и нов ребаланс
Учебната година ќе почне без задоцнување
Македонија доби 46,4 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија
„Епл“ највредна компанија во историјата на берзата
Војна со Иран израелската економија ќе ја чини 41 милијарада долари
Иванов на гости кај Јосиповиќ во Хрватска
Екс-презентерот на МРТВ, Давидовски избоден со нож



Saso, 22.08.2012 13:31:07
Jas neznam navistina sto mu e na Makedonskiot narod,od edna strana ima zivi teroristi vo vlast i ne im smeta od druga mrtvi koj im smeta??????Ziviov mrtvite go stavija minister i treba da im se pokloni negovi si se.Prasanjeto e na koj nie treba da se poklonuvame?
pile, 22.08.2012 14:16:44
Stavanjeto na problemite pod tepih i nezafakanje so resavanje na sustinskite problemi na metodicen i odrzjliv nacin, posebno za konfliktot od 2001 godina vo stilot objasnet vo kolumnata na profesorot Frckoski za vcerasen ,Fokus,a vo javnosta kreiranje na ponovi kontraverzi od tipot na slucuvanjeto na kaleto ili izgradba na crkva na plostadot vo Skopje,vo izminatiot 6 godisen period neminovno ke doveduva do vakvi i slicni istostuvanja na dokazjanite sojuznici i partneri na R.Makedonija, sto biva svojstvoeno za vladeackoto mnozinstvo,a so toa DUI i DPMNE kako i ostanatite koalicioni partii cij odnos nisto pomalku ne e nedrzjavnicki ako molcat za sostojbite, samo dokazjuvaat deka se neseriozni partii koi zabrazdija vo sopstvenite nedefinirani megjusebni politicki a rezultatot e ponizjuvanje na site gragjani vo Drzjavata.Vo edna prilika G-din Menduh Taci rece,parafraziram,roditelot ponekogas go udira deteto iako najveke go saka, a jas dodavam, osven ako od nego ne krene race,sto e opasno

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 24°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...
Пукал во воздух на свадба и го убил младоженецот
Инцидентот се случил во кувајтската пустинската област Сулаибија каде има обичај да се пука во воздух на свадби...
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |