22.08.2012, 09:15 Хуманитарната криза во Сирија е меѓу најтешките во светот
Стејт департментот смета дека хуманитарната криза во Сирија е меѓу најтешките во светот.
Во интернет конференција Марк Бартолини, од Агенцијата за меѓународна помош на САД, и Дејвид Робинсон, од Бирото за проблеми за населението,бегалците и миграцијата при Стејт департментот, соопштија дека во изминатите денови над 2,5 милиони луѓе во Сирија имаат потреба од итна помош.
Од нив, 1,2 милиона биле принудени да ги напуштат домовите.
Досега САД доставиле на засегнатите во кризата во Сирија, чија бројка е околу 780 илјади луѓе, близу 82 милиони долари под форма на храна и лекови. Поголем дел од таа помош е доставен�� со посредство на ОН и други хуманитарни организации.
Најголем дел е доставена во Алепо каде се` уште се водат жестоки борби меѓу армијата и бунтовниците.
- Таму има недостиг од лекови - антибиотици и вакцини, истакнаа двајцата дипломати.
Американска помош се доставува и на сириски бегалци во Либан, Јордан и Турција. Бартолини и Робинсон посочија дека системот за доставување помош, лицата кои се занимаваат со тоа и клиниките на територијста на Сирија се цел на постојани напади. Тие не прецизираа кој стои зад тие напади. |