22.08.2012, 12:54 Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон
Телеграма испратена пред 68 години и сега случајно пронајдена во старо депо за автобуси во Бирмингем, ја реши мистеријата за судбината на еден поранешен британски војник.
Семејството на војникот Гордон Хитон, кој служел во британската пешадија, претпоставувало дека тој загинал за време на борбите при десантот на сојузничките војски во Норвешка во 1944 година, но потврдата за тоа доаѓа дури по 68 години. Во тоа време Хитон имал 21 година.
Испратената телеграма од Министерството за одбрана на Велика Британија за смртта на Хитон не пристигнала ��о неговото семејство.
Заедно со телеграмата е пронајдено и писмо со последните желби и тестаментот на загинатиот британски војник. Документите се предадени на внук на Хитон, кој веќе започнал истрага за откривање на судбината на неговиот чичко.
Внукот Дејвид Хол нашол соопштение на интернет, објавено од националната автобуска компанија „Национал експрес“, дека се пронајдени документи што се однесуваат на Гордон Хитон. Неколку дена подоцна тој ги добил и документите. |